Исполнето барањето на граѓаните: Ќе се санира патот Македонски Брод-Скопје

Ќе биде исполнето барањето на граѓаните на Македонски Брод, кои при посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во јули побараа санација на патот Македоински Брод- Скопје. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на денешниот работен состанок изјави дека обезбедени се средства за исполнување на ова барање кое е од голема важност за жителите.-Едно од долгогодишните барања на граѓаните за санација на патот Македонски-брод-Скопје, како барање е прифатено, министерот за транспорт и врски ме информираше дека ќе се оди со асфалтирање на најоштетениот дел од патот, рече Груевски.
Мисајловски изјави дека тие ја завршиле цела процедура, ги обезбедиле средствата и за десеттина дена го распишуват тендерот за градба.

-Ние им ветивме таму на граѓаните дека ќе разгледаме, односно не ветивме, туку рековме дека ќе пробаме да изненадиме. Околу 3 милиони евра ќе чини овој потег, околу 16 километри, тие побараа овој дел веднаш да го почнеме, ние тоа и го правиме, рече Мисајловски.
Жителите на Македонски Брод ова го побараа од Груевски и Мисајловски при посетата кон крајот на месец јули.
-Едно од долгогодишните барања на граѓаните за санација на патот Македонски-брод-Скопје, како барање е прифатено, министерот за транспорт и врски м

Пронајдете не на следниве мрежи: