ИСПОВЕД НА ЧОВЕКОТ КОЈ ГО УАПСИ АРКАН: „Беше во униформа, а под пазувите носеше пиштоли“

Во таа 1990 година, 29 ноември сѐ уште се славеше како Ден на Републиката. Го славеа и полицајците. Често се случуваше некој да испие чашка повеќе, а тогаш опаѓала и будноста.И Милан Шербула го знаел тоа, шефот на полицијата во Двор, па пред полноќ дошол во станицата. Кога поминала полноќ, тој го зел клучот од службениот автомобил, се упатил кон паркингот со колегата кој бил криминалистички техничар и тргнале во обиколка.
Најмногу го загрижувал патот преку кој се влегува од Босански Нови. Го сопрел автомобилот на местото од кое најмногу може да се надгледува тој правец.
Сѐ било мирно и тивко, а полицајците го сопирале и контролирале секој автомобил. Во еден момент, забележале дека од правецот на Босански Нови доаѓа едно возило.
Го запреле возилото, извршиле контрола и го пуштиле да оди понатаму. Било очекувано дека возилото ќе се упати кон Загреб. Но, Милан забележал дека Ленд Роверот бил зајакнат од сите страни и тоа со заварени цевки. Автомобилот се упатил кон селото Хртиќ.

„Тргнав по него и го следев од пристојна оддалеченост. Преку радио врска повикав уште две патроли да ме следат. Му пријдов со возилото така што му го блокирав патот. Вратата се отвори. Излезе маж во маскирна униформа, за кого подоцна дознав дека е Аркан“.
Како што јакната му била раскопчана, Шербула забележал дека под секој пазув имал по еден пиштол. Потоа слушнал дека некој викнал. „Пали!“.
Подоцна дознал дека тоа го довикнал маж кого го викале „Црквеник“. Веројатно мислел дека Аркан пука на Милан.
Засилувањето пристигнало, а Аркан ги пружил рацете за да биде уапсен.
Колку што се сеќава, во возилото на Аркан имало многу оружје, автоматски пушки, бомби, па дури и еден руски митралез. Во него се наоѓале и четворица мажи. Едниот од нив рекол дека стопирал и дека му се понудиле за превоз.
„Дури во станицата дознав кого го уапсивме и ми беше многу мило. До тогаш многу малку знаев за Аркан. Но, подоцна дознав дека тој е многу поголема ѕверка отколку што мислев. Се собраа многу шефови и специјалци од Лучко. Нешто си дошепнуваа, договараа, како да се плашат од него. Мене сето тоа ми беше смешно“.
Подоцна дознал дека тој „Црквеник“, требало да оствари средба со неговите полицајци, Срби, за да ги наговори да преминат на нивна страна – да ѝ откажат послушност на Хрватска. Аркан и неговите пријатели се нашле во Загреб. Следело судење, па затвор, раскажува Милан за „Експрес.хр“.
Не поминало многу време, а тој се појавил во Белград.
По апсењето на Аркан, на Милан не му било многу удобно во Двор. Многумина го прогонувале. Кога видел како дел од неговите колеги се однесуваат, знаел дека го чека нешто лошо. Полека станувал непријател во својот град. За едни бил усташ, за други предавник, а за трети којзнае што.
„Ми се причини дека сите оние коишто ме испитуваа подоцна најмногу ми замерија што сум Србин, а сум ѝ лојален на хрватската држава. Сѐ се вртеше околу тоа, но не го спомнуваа името на Аркан“ – се присетил Милан. И Милан Шербула го знаел тоа, шефот на полицијата во Двор, па пред полноќ дошол во станицата. Кога поминала полноќ, тој го зел клучот од службениот

Пронајдете не на следниве мрежи: