ИСПОВЕД НА ЕДНА СТРИПТИЗЕРКА: Имам диплома, но немав средства да си ги платам сметките. Вака заработувам по 300-400 евра за ноќ

Наташа почнала да работи како стриптизерка откако со години менувала бројни работни места на кои, без оглед што има диплома од еден солиден универзитет, била многу малку платена.„Нискобуџетните стриптиз клубови се посебна приказна. Таму ништо не е гламурозно, нема рефлектори, црвен амбиент, сјај. Лицата ни се скриени во мракот, ни се гледаат само телата кои инаку и не мора да бидат премногу складни. Битна е фантазијата“, се отвора Наташа.
„Пробајте вие да живеете со 200 евра месечно и од тоа да ги плаќате сметките, да живеете, да одржувате лична хигиена, а да не спомнувам за трошоци ако се разболите. Не знаев што можам друго да направам, но знаев дека повеќе не сакав да ја трошам младоста така што ќе работам околу 60 часа неделно за толку малку пари. Слушнав дека во еден клуб во близина примаат нови девојки и одлучив да аплицирам.“
Оваа девојка (чие име не е Наташа, туку е измислено за да не се открива идентитетот), искрено прозборе за тоа дали постоела морална кочница пред да го направи изборот.
„Секако. Не верувам дека многумина од нас се водени од идејата да заработуваат на овој начин. Секако дека тука се појавува и мислата што би рекле блиските за мене. Дали ќе ми се случи нешто опасно? Дали вредам помалку? Но, морав да заиграм на шипка за да преживеам.“
„На почетокот се плашев за тоа и дали изгледам доволно добро за да играм на шипка. Што ќе правам со целулитот, што ако дојде некој познат…. меѓутоа, доаѓаа непознати луѓе и тоа во голем број. Секако дека имаше и редовни посетители – тие секогаш оставаа повеќе пари.“
Знаев да заработам околу 300-400 евра од ден. Работев по 3-4 дена и бев мирна. Доаѓаа и млади, преубави момци. Некои имаа ергенска вечер, други доаѓаа од чиста забава.
Никогаш не ми беше јасно зошто толку убави момци доаѓаа на вакви места – мислам дека би можеле да ја имаат било која девојка.

Ќе бидам искрена, ниту на крај на памет не ми текна дека токму во стриптиз клуб ќе ја запознаам љубовта на мојот живот.
„Се подготвував за настап и излегов од кабината за да се напијам вода. Тука стоеше група млади момци кои дојдоа да прослават ергенска вечер. Меѓу нив се наоѓаше еден дечко. Беше висок, со кафеава коса и имаше прекрасна насмевка.“
„Се погледнавме неколку пати и набрзо се вратив во кабината дополнително да се подготвам. Настапував за половина час. Си помислив дека сум обична стриптизерка и дека за мене не се случуваат бајки со среќен крај, но подоцна се испостави дека не бев во право. Ние сега имаме прекрасна ќеркичка.“
Наташа раскажа како всушност дошло до тоа да се запознаат, да разменат броеви и да се заљубат.
„Сѐ беше многу специфично. Всушност, истата таа вечер ме почека покрај излезот. Ми пријде, ме праша за бројот, но бев убедена дека нема да ми се јави или дека сака авантура.“
„Сепак, што би можел да посака од жена која игра на шипка? Во нашата средина сѐ уште преовладуваат предрасудите дека стриптизерките се к*рви, дека сме човечки отпад. Срам е што тоа е така. Судат оние кои не разбираат.“
„Утредента ми се јави, се видовме. Оттогаш почнавме многу време да поминуваме заедно и по два месеци се свршивме. Сега не можам да бидам посреќна“, зборува Наташа.
„Колку често се случуваат вакви работи? Готово никогаш. Но, ете, се испостави дека играњето на шипка е најдобрата работа која можеше да ми се случи. Сега имам семејство кое го сакам повеќе од сѐ и кое е мојата потпора“, заклучи Наташа.„Нискобуџетните стриптиз клубови се посебна приказна. Таму ништо не е гламурозно, нема рефлектори, црвен амбиент, сјај. Лицата ни се скриени

Пронајдете не на следниве мрежи: