Исповед на млад милијардер: Како е да се биде безобразно богат?

Американскиот магазин „Форбс“ оваа недела ја објави годишната листа од 400 најбогати луѓе во САД. Американецот Дастин Московиц (30), соосновач на Фејсбук и актуелен директор на „Асана“, е вториот најмлад член на оваа листа, веднаш позади Еван Шпигел (24), соосновач на „Snapchat“.  „Бизнис Инсајдер“ ја започнува приказната за Московиц со констатацијата дека само мал број на луѓе може да се надеваат дека некогаш ќе почувствуваат како е да се биде милијардер, а уште помалку ќе почувствуваат како е да се има десетцифрен износ на пари на банкарската сметка до своите 30 години.
Значи, како е да се биде безобразно богат? Московиц зборуваше за тоа како се чувствува како милијардер, дали парите се оптоварување и на кого би му припаднале парите, во случај на негова смрт.
Овој претприемач вели дека на богатството гледа како на извор, кој му овозможува промоција на друштвено добри нешта, повеќе отколку средство за остварување на личните интереси.
„Многу сакам да го слушам комичарот Луис Си Кеј и генерално ваков е неговиот поглед на светот: Никогаш на парите не гледав како на „мои пари“. Секогаш ги гледав како пари. Тоа е средство. Доколку се појави близу мене, тогаш треба да биде пуштен назад во системот“ – тврди Московиц.

Затоа тој со својата сопруга Кери Тјуном, поранешна новинарка во „Волстрит Журнал“, основаа фондација „Good Ventures“, која соработува со организацијата за евалуација на влијанието на донациите „GiveWell“.
Московиц подоцна објасни дека има уште многу децении пред аспектот „запали кога ќе завршиш“ почне да ги ограничува неговиот работно можности.
Тој нагласи дека неговата фондација веќе имала значајна инвестиција во проектот „Vicarius“ за софтвер „учи како човекот“, која изнесувала 15 милиони долари од кои повеќето го обезбеди „Good Ventures“.
„Јас не гледам никакви сериозни причини за воспоставување на систем, кој секогаш би инвестирал капитал по смртта, така да би сакал да се ослободам пред тоа (слично како Ворен Бафет). Покрај тоа, дури и парите од нашите грантови ќе бидат повторно инвестирани во економијата на некој начин“ – тврди Московиц.„Бизнис Инсајдер“ ја започнува приказната за Московиц со констатацијата дека само мал број на луѓе може да се надеваат дека некогаш ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: