ИСПОВЕД НА СКРШЕНА ЖЕНА: Ова е дел од АБОРТУСОТ за кој никој не зборува!

Новинарката Сира Лондон за „Elite Daily“ открива како изгледа денот на абортусот но и оние за кои ретко се зборува – денот пред и после одлуката која го менува животот.„Имав абортус. Покрај мене немаше кој да стои. Бев без момче и сета тежина на неизвесност, одговорност и грижа на совест која би требало да ја поделам со некој падна само на мојот грб. Никој не зборува за периодот откако ќе го закажеш зафатот. За тоа како изгледаат деновите помеѓу моментот кога ќе дознаеш и ќе отидеш на клиника.
Тогаш знаеш на што се подготвуваш, но се преиспитуваш. Се трудиш да ги правиш работите нормално, одиш на предавање и се гледаш со пријателите. А потоа сфаќаш дека еден час седиш во автомобилот зошто само таму можеш да се осамиш. Постојано се прашуваш дали ја правиш вистинската работа.
Прв пат кога дојдов во клиника бев сигурна дека ќе го поминам зафатот. Кога ми го кажаа терминот за абортус, се се промени. Сфатив дека тоа мене ми се случува.
Почувствував поврзаност со тоа суштество кое беше во мене. Нешто ми вели дека беше девојче. Би се родила на новогодишната вечер.
Се сеќавам на моментот на паркингот. Седев зад воланот и чекав да одам на абортус. Ги затворив очите, го допрев стомакот и ја почувствував. Во себе ја нареков „темноока“, по песната која свиреше на радиото. И од тој ден фантазирам за тоа како би ја држела во раце и би и читала приказна пред спиење.
Му се јавив на Марк и му кажав дека ќе го направам зафатот. Неговата воздишка за олеснување ме погоди. Дел од мене сакаше да ми каже да се откажам.
Сепак, кога и да помислев на бедната плата која ја имам, болестите и фактот дека немам пари за здравствено, знаев дека не грешам.
Сиромаштија не е тоа што посакував за ова дете. Во ваков свет само да го сакаш, едноставно не е доволно.
Се сеќавам јасно на тоа утро…

Марк ми кажа дека тој ден нема да биде во градот. Се што добив од таткото на тоа дете беше порака „биди јака“. Седнав на подот од тоалетот и плачев. Плачев поради тоа дете, поради тоа што ќе го направам и поради тоа што ми се рушеше цел свет. Излегов од станот сосема поразена.
Знаев дека после тој ден мојот живот повеќе нема да биде ист. Во таквите моменти си како робот. Седнуваш во автомобил и возиш. Не размислуваш. А потоа влегуваш во салата, седнуваш на креветот и оставаш да ти кажуваат што треба да правиш. Легнуваш на тој кревет и повеќе не си ти!
И туку така – готово. Само што не е готово. Никогаш не е. Денови после тоа како да живееш, но одвнатре си мртов. Не е важно дали си кажала на еден куп луѓе или на никој. Како никаде да не ти е местото. Не си дозволуваш себе си право на тага. Немаш право. Веќе си го направила изборот.
Ти недостига некој кој никогаш не си имала прилика да го запознаеш. Флешовите ќе почнат да скокаат во најнезгодни моменти.
Се чувствуваш како статистика. Гуглаш за исповести на жени каква што е и мојата. Дали направиле добра одлука? Дали ќе се каат за цел живот
За мене поминаа неколку месеци од тој викенд, но болката е свежа. Боли кога пријателките ти кажуваат за бременост бидејќи се сеќаваш на солзите на оној паркинг.
За нас кои никогаш не сме биле сосема сигурни дека сакаме абортус тоа дете секогаш ќе биде тука негде. И ми останува надеж дека некогаш ќе можам да заборавам“.„Имав абортус. Покрај мене немаше кој да стои. Бев без момче и сета тежина на неизвесност, одговорност и грижа на совест која би требало да ј

Пронајдете не на следниве мрежи: