Историска одлука на Иванов

Нашата држава речиси две години се наоѓа во длабока политичка криза. Најдлабока политичка криза досега која од ден на ден се продлабочува. Дури ни распишувањето на изборите не е доволна гаранција дека кризата набрзо ќе се реши и ќе заврши, колку и сите ние тоа да го посакуваме, истакна денес претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање.Иванов денес посочи дека ова што ѝ се случува на Македонија не е наша игра, туку туѓа игра, како и дека ваквата ситуација не е во интерес на никој во Македонија. Македонскиот претседател додава и дека случувањата во изминатиот период резултирале со досега невидена политичка конфронтираност, со политика на меѓусебно пресметување и уништување. Бескраен реваншизам и омраза и лична конфронтација.
Се распушти Собранието. Опозицијата објави бојкот на изборите и формирање на фронт за слобода. Ова значи дека ќе се оди и на попречување на одржувањето на изборите. Имаме техничка влада со ограничени овластувања. На раб сме на кризна состојба. Работата е заплеткана до бескрај и никој не може да ја отплетка, дури ни водствата на партиите, ниту пак претставниците на меѓународната заедница. Ниту Пржинскиот договор, ниту распуштањето на Собранието не ги намали тензиите, напротив ги зголеми Доаѓаат месеци и години кога политичарите, независно кој од нив се на власт, а кој во опозиција ќе се занимаваат со сериозни и стратешки важни одлуки за државата, нацијата и идентитетот и јас не сакам да дозволам ниту оние кои ќе бидат во власта, ниту оние кои ќе бидат во опозицијата, да носат одлуки, а да се истовремено оптоварени и под личен притисок од можноста неправично да бидат уценети, да се соочени со лична закана за својата слобода, чест и углед, иднина или каква било уцена од некој надворешен или внатрешен фактор, потенцираше Иванов.
Токму поради овие причини, а како што рече со намера да придонесе за решавање на кризата, Иванов донесе одлука со која се извршува општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници или поддржувачи, од спротиставените страни.
Како што потенцираше Иванов одлуката е потпишана денес и стапува во сила веднаш.Иванов денес посочи дека ова што ѝ се случува на Македонија не е наша игра, туку туѓа игра, како и дека ваквата ситуација не е во интерес на никој

Пронајдете не на следниве мрежи: