Историска тајна за Хурем: Која била оваа црвенокоса жена?

Страсните фанови на оваа историско-драмска серија, тврдат дека црвенокосата убавица ги жарела, палела и кроела односите на османскиот двор, па дури и политичките одлуки на султанот.Хурем, Александра или Рокселана, како што ја нарекувале на Западот во тоа време, е сведоштво за исконските моќи на жената и потврда за фактите дека фаталната жена е силата на природата на која ниту најавторитативниот маж не може да ѝ одолее.
Оваа историска хероина преминала незамислив пат од украинска робинка до венчана сопруга на Сулејман Величенствениот, уривајќи ја вековната хиерархија во харемот.
Тој подем беше една од клучните причини поради која наклонетоста на гледачите беше на страната на Хурем, а не на нејзините „душмани“. Преку трње, односно харемските сплетки и ѕидови кои имаат уши и мечеви, таа се качила до ѕвездите, моќта и власта.
Султанија Хурем е голема историска тајна. Хасеки Хурем султанија или Рокселана, била најсаканата љубовница на султанот, а потоа и сопруга. Се претпоставува дека е родена помеѓу 1500. и 1506. година. По потекло е од денешна Украина, а на дворот пристигнала преку долината на Днепар.

Како дете, родителите ја продале како бело робје и била одведена во Османската империја. Тие факти не се во склад со она што беше прикажано во серијата. Имено, во првата епизода од истоимената сеија, целото нејзино семејство страда пред налетот на Татарите. Со оглед на тоа дека е со бел тен, што во тоа време претставувала значајна статусна разлика, не морала да извршува тешка физичка работа.
Султанот Сулејман Први ја добил како подарок од Ибрахим Паша. Престојувала во харемот со околу тристотини други девојки. Таму ја учеле да зборува турски, ја подучувале за исламот, обичаите и занаетите. Ги совладувала вештините за плетење, свирење, танцување. Брзо напредувала. Не била посебно убава, што е уште една потврда на вистината дека женската моќ лежи на друго место.
Била исклучително паметна и со весела природа, постојано се смеела и затоа од султанот го добила името Хурем, што значи „насмеана“. Таа го завела султанот со интелигенцијата, духовитоста и страстната природа.
Му родила пет деца, четири синови и една ќерка. Силата со која што успеала да влијае врз едниот од најголемите освојувачи во историјата, ја направи да биде митски лик. Се верувало дека е вештерка, дека располага со тајни езотерични знаења. Вистината била само дека таа е заводничка и дека била свесна дека жените можат да имаат неопислива моќ над мажите и со самото тоа успеала да го покори султанот, понудувајќи му ја својата безусловна љубов.
Таа починала во 1553 година, а султанот живеел осум години подолго од неа, иако не изгледало дека ќе биде така со оглед на фактот дека бил болен. По нејзината смрт немал други жени. Ѝ останал верен до крајот на животот. Наредил да биде погребан покрај неа, во раскошната џамија Сулејманија.
Ликот на султанијата Хурем ги инспирира современите турски уметници, модерните создавачи и креатори, кои се сложни во интерпретацијата дека Хурем била и останала синоним за вистинска фаталност и исконска женска сила.
Како ли изгледала таа жена? Мора да била многу занесна, штом го маѓепсала тогашниот најмоќен и најопасен владетел. Црвенокосата убавица со нагласени облини кои ја скокоткаат фантазијата. Така барем е прикажана на сликите и резбите. За таквата слика е заслужен извесен Мелкиор Лорикс, кој поминал пет години во Цариград. Во своите патеписи, тој ја опишува Рокселана токму онака како што уметниците подоцна ја насликувале, а книжевниците доловувале, вклучувајќи го и Шекспир.Хурем, Александра или Рокселана, како што ја нарекувале на Западот во тоа време, е сведоштво за исконските моќи на жената и потврда за фактите дека

Пронајдете не на следниве мрежи: