Иванов: Грција треба што побрзо да се испразни од мигранти и бегалци

Со цел да се спречи хуманитарна криза во Грција, но и регионална нестабилност на Балканот, неопходно е што поскоро територијата на Грција да се испразни од мигранти и од бегалци, но не преку Балканската рута, туку со воздушни коридори, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на безбедносната конференција на ОБСЕ, што денеска се одржува во Рим.– Подготвени сме за сите можни сценарија и ќе постапуваме онака како што постапуваат и другите држави долж бегалската рута, но и државите – крајни дестинации, рече претседателот Иванов во своето обраќање.
Македонскиот претседател го реафирмираше ставот дека Република Македонија се залага за заеднички критериуми за справување со мигрантската криза за намалување на безбедносните ризици и поддржува измена на закони за заштита на државните граници.
Иванов уште еднаш повтори дека Македонија не сака да ги доведе во прашање односите со јужниот сосед и дека мора да им се помогне и на двете земји.
-Колку што е цврста Грција, толку е цврста Европската Унија. Колку што е цврста Македонија, толку е цврста безбедноста на континентот Европа. Инвестирајќи во безбедноста на Македонија, европските држави инвестираат во сопствената безбедност, порача Иванов.
Во својот говор македонскиот претседател истакна дека кризата не може да се реши само со политички декларации и бирократски процедури, туку мора да се менаџира со помош и поддршка и од страна на безбедносните служби и армиски структури.
Во таа насока, македонскиот претседател посочи  дека ОБСЕ како и ЕУ немаат функционални механизми за носење одлуки во услови на криза.
– Би сакал да ми наведете еден пример во државите долж Балканскиот коридор каде ОБСЕ има своја мисија која навремено информирала за заканата од илегалната миграција?, праша Иванов во обраќањето.
На конференцијата на ОБСЕ македонскиот претседател истакна дека е неопходно безбедносните служби да почнат да разменуваат податоци за да се пронајдат радикализираните лица кои нелегално влегле и да се спроведат програми за дерадикализација и контрарадикализација.
– Од 2014 година разговараме со ОБСЕ за активирање на овие програми за потребите на Македонија и на Балканот. Сега предизвикот е уште поголем бидејќи ОБСЕ ќе мора да го прави тоа за цела Европа, рече македонскиот претседател.
Иванов истакна дека се зголемуваат обидите за насилно влегување во Македонија, употребата на фалсификувани пасоши и документи на ФРОНТЕКС, како и  насилството врз безбедносните сили на граничната линија, со што се доведува во прашање не само националната безбедност, туку и регионалната стабилност.
– Парадоксот е што сето тоа се случува од територија на држава која е дел од Шенген-зоната. На некој начин, доведени сме во ситуација Македонија да ја брани Европа од Европската Унија, рече Иванов во обраќањето, додавајќи дека ЕУ ги избриша внатрешните, без да ги утврди и обезбеди надворешните граници.
Иванов оцени дека мигрантската и бегалска криза е стрес-тест за сите вредности, принципи, институции, политики и процедури на Европската Унија и на европските држави.
Шефот на државата констатираше дека бегалската криза постојано се продлабочува и дека со напливот на бегалци и на мигранти расте и бројот на антимигрантските кампањи низ Европа, но и дека постојано се зголемува и профитот на криминалните групи од трговијата со луѓе.
Претседателот Иванов беше еден од главните говорници на конференцијата во Рим, која е посветена на безбедносниот аспект при справување со мигрантската криза, инструментите за миграција и потребата од ревизија на безбедносниот пристап.– Подготвени сме за сите можни сценарија и ќе постапуваме онака како што постапуваат и другите држави долж бегалската рута, но и државите &nd

Пронајдете не на следниве мрежи: