Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов доцна синоќа изјави дека субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција и справување со кризната состојба, на седницата на Советот за безбедност информирале за заканата од илегална миграција која доаѓа од територија на Европската унија и Шенген-зоната, како и со можностите за развој на заканата и зголемување на ризиците.Со оглед на актуелната состојба со мигрантската криза и последните случувања на нашата јужна граница, рече Иванов, денеска свикав седница на Советот за безбедност на Република Македонија во проширен состав.
– Синоќа се случи инцидент на нашата јужна граница. Неконтролиран број мигранти и странски државјани од територијата на Европската унија и Шенген-зоната се обидоа илегално да ја преминат државната граница, надвор од официјалниот граничен премин и да влезат во подрачјето во кое е прогласена кризна состојба. Нашите безбедносни сили успешно реагираа. Ја поздравувам нивната навремена и одговорна реакција, без употреба на сила, изјави по завршувањето на седницата на Советот за безбедност претседателот Иванов.
Според него, со затворање на балканскиот коридор, очекувано беше, како што подвлече, да се зголемат обидите за насилно и илегално влегување во Македонија.
– Но, она што јас лично не го очекував е преземањето на крајно некоректни активности со кои потенцијално се загрозува целокупната регионална безбедност. Република Македонија ниту е членка на Европската унија, ниту на НАТО, ниту на Шенген-зоната и не може да ги трпи последиците на неединствената политика на Унијата, потенцира македонскиот претседател.
Иванов порача дека не смее властите во која било држава на оваа мигрантска рута да останат пасивни набљудувачи на ваквите инциденти.
Најдобриот сигнал што може во овој момент да се упати, истакна претседателот Иванов, е да се прекине со практиката на носење дополнителен број мигранти кои би поставувале кампови на самата гранична линија.
Тој смета дека отсуството на комуникација и соработка меѓу политичарите и безбедносните служби на Република Македонија и Република Грција и неможноста да се воспостават заеднички оперативни тимови за брза интервенција доведе до оваа ситуација.
– Ако час поскоро не почнеме да соработуваме како што прилега на две соседни земји, извесно е дека ваквите инциденти ќе се повторуваат и усложнуваат. Република Македонија досега покажа дека е подготвена на сите сценарија, и нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза, нагласи Иванов.
Уште еднаш, претседателот Иванов потенцира дека Република Македонија ќе ги преземе сите мерки и активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност. Македонските безбедносни институции и во иднина, како и досега, подвлече, ќе продолжат одговорно и професионално да се справуваат со бегалската криза.
– Република Македонија, како што и досега покажа кога на нејзината територија поминаа еден милион бегалци, ќе продолжи да дава хуман третман, согласно сите европски и меѓународни стандарди, доследно почитувајќи ги човековите права, беше дециден претседателот Иванов вечерва по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.
Тој најави дека за актуелната состојба, деновиве ќе оствари телефонски разговори со претседателите и премиерите на земјите долж коридорот, кои учествуваат во носењето одлуки во Советот на Европската Унија за менаџирање на мигрантската криза, со претседателот на Европскиот совет, како и со холандскиот претседавач со Советот на ЕУ.
– Република Македонија и во иднина ќе постапува во согласност со одлуките на Европскиот совет, ќе ги следи постапките на другите земји долж балканскиот коридор и нема да дозволиме илегален влез на мигранти во Република Македонија, изјави претседателот Иванов.
Членовите на Советот за безбедност и лидерите и претставниците на четирите политички партии на седницата беа информирани и за сите други безбедносни ризици и закани со кои се соочува Република Македонија.
– Како претседател на Република Македонија сакам да истакнам задоволство од одговорниот и конструктивен пристап на сите присутни на оваа седница, како и за покажаната висока свест за безбедноста на граѓаните и државните интереси на Република Македонија, изјави претседателот Ѓорге Иванов.Со оглед на актуелната состојба со мигрантската криза и последните случувања на нашата јужна граница, рече Иванов, денеска свикав седница на Совето