среда, 25 ноември 2026
Најново

Иванов со честитка до новиот претседател на Европскиот парламент Тајани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со честитка до Антонио Тајани по повод неговиот избор за претседател на Европскиот парламент, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.
 Вашиот избор на оваа функција е исклучително значаен. Тој се случува во период на бројни сериозни предизвици со кои се соочува Европа, а единството, довербата и неопходноста од повеќе соработка во рамките на Европската Унија се потребни повеќе од секогаш. Регионот на Југоисточна Европа исто така се соочува со предизвици и со ретроградни процеси. Токму, поради тоа мотивирачката енергија на Европската Унија е исклучително важна за нашиот регион. Ја користам оваа пригода да ја искажам благодарноста на Република Македонија за досегашната поддршка од Европскиот парламент и да Ве уверам дека ние сме подготвени да го преземеме својот дел од задачата за иднината на Европа и на Европската Унија, се наведува во честитката од претседателот Иванов.
Иванов нагласува дека членството во Европската Унија за Република Македонија претставува највисока стратегиска цел.
– Тоа e изборот на граѓаните на Република Македонија и тој избор ужива широка политичка, етничка и социјална поддршка и има силна обединувачка моќ во нашето општество. Токму затоа во време на Вашиот мандат очекувам и се надевам што поскоро да се деблокираат евроинтеграциските процеси. Секое натамошно пролонгирање на овој процес, како и досега, можно е, за жал,  сериозно да  влијае на темпото на реформите, на нивото на политичка култура во државата и на културата на дијалог и на компромиси, порачува Иванов во честитката.Вашиот избор на оваа функција е исклучително значаен. Тој се случува во период на бројни сериозни предизвици со кои се соочува Европа, а единството

Поврзани вести