Не е лесно секогаш да се облечете убаво и со стил, а притоа да не потрошите многу пари. Младите девојки посебно се во дилема што да облечат за матурската вечер, а често разгледуваат фустанчиња кои неможат себеси да си ги дозволат. Меѓутоа и со малку пари можете да изгледате женствено и гламурозно.
Трендот денес
Моментално трендот нуди различни можности. За оваа пролет и лето модерна е црната боја и пастелните бои. За секој има по нешто, се зависи од сензибилитетот.
Во што жените најмногу грешат кога станува збор за облекување во сезоната пролет/лето?
Најголемите грешки се прават во одбирањето на материјал. Полиестерот не доаѓа во предвид, како и сите синтетички материјали. Доколку немате пари за свила, ленот и памукот се совршен избор.
Во тек се матурите и апсолвентските прослави. Како треба да изгледате?
Средена коса која може да биде само исфенирана или некоја лесна пунџа, со накит кој може одлично да се совпадне со сето тоа. Штиклите треба да бидат ефективни со јака боја. Шминката сепак зависи од се останато, но секако не треба да се петерува и да се оди во екстремност.
Да претпоставиме дека немате пари за раскошен фустан
Доколку финансиите се проблем и немате доволно пари за некои ексклузивен модел не треба да очајувате. Секогаш подобро решение е да облечете модел на фустан кој одговара на вашата фигура и искомбинирајте го со интересни детали (чевли, чанти, накит и уште некои детали кои ќе ви паднат на памет, а воедно ќе бидете свои) тоа може да изгледа совршено.
Не е лесно секогаш да се облечете убаво и со стил, а притоа да не потрошите многу пари. Младите девојки посебно се во