ИЗГОРЕВТЕ НА СОНЦЕТО? Ова се најдобрите лекови за изгореници кои ГИ ИМАТЕ ДОМА

Кога станува збор за изгорениците од сонце, попаметно е да ги спречите отколку да ги лечите. Тоа значи мачкање на секој час со млеко со заштитен фактор минимум 15, сончање под чадор и избегнување на штетното сонце од 10 до 16 часот. Доколку штетата е веќе направена, веднаш помогнете и на кожата да заздрави со следниве домашни рецепти за изгореници.1. Облоги со млеко
Во еден сад помешајте две чаши вода и половина чаша млеко, а потоа додајте неколку коцки мраз. Натопете поголемо парче вата и нанесете го на изгорената кожа. Маснотијата од млекото ќе ја омекне кожата, мразот ќе помогне за разладување, а притоа ќе се намали болката и потребата за чешање.
2. Алое вера
Гелот од алое вера е богат со 9 витамини и многу минерали. Постојат безброј придобивки од ова растение, кое со векови се користи во медицината и козметиката. Алое верата има неверојатен ефект врз кожата: ја хидрира, разладува, ја обновува и го намалува воспалението. Купете гел од алое вера од аптека и мачкајте се по 2 пати на ден.
3. Кисело млеко, јогурт или павлака
Премачкувањето со ладно кисело млеко, јогурт или павлака е популарен метод кај нас Македонците, кога станува збор за изгореници од сонце. Земете парче вата и премачкајте се со кисело млеко или павлака и веднаш ќе се почувствувате подобро, чувствувајќи го ефектот на ладење и намалување на болката. Ако користите јогурт, во чашата капнете неколку капки масло од лаванда. Јогуртот моментално ќе ја излади кожата, а лавандата ќе го намали црвенилото и иритацијата
4. Овесна каша
Во када полна со млака вода, ставете една чашка овесни снегулки, кои имаат антивоспалително дејство и убаво ја омекнуваат кожата. Не бришете се со пешкир за да не ја иритирате кожата дополнително.

 
5. Сода бикарбона
Додадете неколку лажици сода бикарбона во када полна со млака вода, за инстантно да ја смирите вашата воспалена кожа. Лежете во кадата не повеќе од 15-20 минути, бидејќи во спротивно, ризикувате да ја исушите и така веќе сувата кожа. Оставете ја вашата кожа да се исуши на природен начин.
6. Мокри пешкири
Убаво натопете еден пешкир во студена вода и нанесете го на изгорената кожа. На 5 минути повторно топете го пешкирот, за да биде студен и мокар. Повторувајте ја постапката повеќе пати и после еден час, ќе се чувствувате многу посвежо, а кожата ќе ви биде разладена.
7. Јаболков оцет
Нанесете јаболков оцет на вжештената кожа, кој навистина помага, бидејќи делува како антисептик.
8. Зелен чај или камилица
Сварете неколку кесички зелен чај или чај од камилица, почекајте да се оладат и нанесете ги директно на изгорената кожа или пак вата натопете во чајот и премачкајте се повеќе пати на изгорените делови.1. Облоги со млеко
Во еден сад помешајте две чаши вода и половина чаша млеко, а потоа додајте неколку коцки мраз. Натопете

Пронајдете не на следниве мрежи: