Изградени се потпорни ѕидови за заштита на неколку улици во Берово

Во рамките на инвестициските активности во полето на патната инфраструктура, општина Берово во изминатиот период реализираше проект за заштита на неколку улици во Берово.Преку овој проект опфатена е улицата “Балканска“  во близина на спојката со ул.“Прохор Пчински“ каде се изгради потпорен ѕид за заштита од оронувањето на коловозот со што се допринесе и кон заштита на семејните објекти кои се наоѓаат под улиците.
-Тоа го направивме со цел да ја заштитиме улицата, да ја прошириме, а се разбира и да ја зголемиме безбедноста на сообраќајот, како и да ги заштитиме индивидуалните стамбени објекти кои се наоѓаат под улицата – изјави градоначалникот на општина Берово Драги Наџински.
Градоначалникот истакна дека покрај ова изградени се уште 2 потпорни ѕидови на улицата 23-ти август во Ромското маало во Берово на места кадешто во голема мера беше доведено во прашање безбедноста на самата улица, но и на објектите под неа, а исто така потенцираше дека преку Одделението за комунални дејности постојано се следат состојбите и по пријавите на граѓаните се реагира за да се спречат вакви оштетувања на улиците во општината.
Средствата за проектот во висина од околу 1.900.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Берово. Преку овој проект опфатена е улицата “Балканска“  во близина на спојката со ул.“Прохор Пчински“ каде се изгради потпор

Пронајдете не на следниве мрежи: