Излезе од печат новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“

Во рубриката „Критики и осврти“ објавени се критички осврти од д-р Васил Дрвошанов за книгата „Поетскиот дискурс во наставата: методичка призма“ и од Трајче Крстески за романот „Светицата и Разбирачот“ од Петар Петрески.Љубителите на литературата, во рубриката „Поезија“ можат да ги прочитаат песните од Габриела Павлоска, Смиле Наумоски-Брсјак и Елизабета Тодороска, а во рубриката „Проза“ расказите од Сузана Ѓорѓиевска и Маја Мојсова. 
 
Во рубриката „Преводи и препеви“ се објавени песни од познатата англиска поетеса Менди Панет препеани на македонски јазик од Маја Мицевска и превод од латински јазик на сегменти што се однесуваат на Македонија од средновековната хроника „Кралството на Словените“ од презвитерот од Дукља, што на македонски јазик ги преведе Миле Богески.
 
Читателите можат да прочитаат и дел од обемната монографска студија на Милан Ристески – „Мариово низ вековите“.
 
 „Стремеж“ е едно од најстарите македонски списанија за литература што континуирано се објавува од 1954 год. Издавањето на „Стремеж“ е поддржано од Министерството за култура.Љубителите на литературата, во рубриката „Поезија“ можат да ги прочитаат песните од Габриела Павлоска, Смиле Наумоски-

Пронајдете не на следниве мрежи: