Изненадете ги домашните и гостите: Направете BOUNTY чоколатца за само 10 минути

Изненадете ги гостите и домашните кој ќе уживаат во комбинацијата од кокос и чоколадоПотребни состојки:
200 мл кондензирано млеко (или слатка павлака)
150 грама кокос
400 грама шеќер во прав
400 грама чоколадо (млечно или со поголем процент на какао)
Начин на подготовка:
Во сад сипете го млекото и додајте ги трошките кокос. Додадете го и шеќерот и сето тоа заедно добро измешајте го додека не добиете густа кремаста маса. Сипете ја смесата во калапи или во правоаголен сад и ставете ја во ладилник сосема да се излади. Штом смесата се стврдне, извадете ја од калапот или исечете ја на правоаголници. Едно по едно парче потопувајте ги во стопеното чоколадо и потоа повторно ставете ги сите парчиња во ладилникот додека чоколадата сосема не се стврдне.
Уживајте во слаткиот десерт!
 Потребни состојки:
200 мл кондензирано млеко (или слатка павлака)
150 грама кокос
400 грама шеќер во прав

Пронајдете не на следниве мрежи: