Зошто секогаш да бидат благи? Овој пат променете нешто и направете си превкусни пица палачинки. А ние го претставуваме рецептот за нив…Состојки
10 палачинки
200 гр. шунка
200 гр. рендан кашкавал
100 гр. моцарела
150 гр. доматно пире
200 гр. кисела павлака или крем сирење
3 јајца
Начин на подготовка
Направете смеса за палачинки и испечете 10 – 14 палачинки. Шунката исечкајте ја на мали парчиња. Секоја од палачинките намачкајте ја со павлака, потоа додадете ги моцарелата, шунката и доматното пире и свиткајте ја во ролна. Наредете ги палачинките во огноотпорен сад за печење, а кога ќе завршите со еден ред, наросете кашкавал.
Откако ќе ги наредите сите палачинки, изматете ги јајцата и додадете ги во павлаката. Со смесата прелијте ги палачинките. Печете во загреана рерна додека не добијат златна нијанса.
А, на следниот ЛИНК, прочитајте како да направите „ЛУДО ТЕСТО“ со кое ќе можете да подготвите се што сакате!
ТУКА можете да најдете се што сакате во врска со здравата исхрана и рецепти за вашите најомилени јадења!Состојки
10 палачинки
200 гр. шунка
200 гр. рендан кашкавал
100 гр. моцарела
150 гр. домат