Израелски извори го потврдуваат новиот напад кај Дамаск

Висок неименуван израелски функционер во неделата претпладне за AFP потврдил дека во текот на ноќта израелската воена авијација извршила напад во близина на сириската престолнина Дамаск, тврдејќи дека цел биле наводно ирански ракети наменети за шиитското либанско движење Хезболах, но сириската државна агенција SANA тврди дека во предградието Џамраја е бомбардиран научен центар при што има и жртви.„Новата директна израелска агресија го потврдува учеството на Израел во заговорот против Сирија и неговата поврзаност со терористичките групи коишто дејствуваат во Сирија со поддршка на Западот и некои арапски земји“, се вели во информацијата на SANA.Притоа не се наведуваат другите израелски воздушни напади врз Сирија, освен нападот врз научниот центар на сириското министерство за одбрана во Џамраја од 30-ти јануари годинава. Сириските официјални извори досега не потврдија информации за други израелски воздушни напади.Сириската државна телевизија го обвини Израел дека презема акции за да им помогне на бунтовниците кои трпат порази од владините сили. „Новиот израелски напад е обид да се подигне моралот на терористички групи кои отстапуваат пред нападите на нашата војска“, објави сириската телевизија.Израелскиот извор, пак, за AFP потврди дека ноќта кон неделата е изведен нападот, според него во близина на аеродромот. „Нападот е изведен во близина на аеродромот во Дамаск, а цел беа иранските ракети наменети за Хезболах“, рекол соговорникот на агенцијата.Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, пак, повикувајќи се на свои активисти на теренот соопшти дека во моментот на експлозиите очевидци на небото виделе авиони. Според некои непотврдени информации, пак, нападот бил извршен со ракети.Како што во неделата јави либанската телевизија Al-Manar, блиска на движењето Хезболах, ноќта кон неделата израелската авијација извела напад врз три воени објекта крај Дамаск. Според изводи на телевизијата, израелските авиони бомбардирале складишта со муниција, база на сириската противвоздушна одбран и касарна во предградието Џамраја.Израелските власти сé уште официјално не го коментираа нападот. Меѓутоа неименуван западен разузнавачки извори за Reuters потврдил дека нападот бил изведен за уништување на пратка на тактичките ракети од типот „Fateh-110“ коишто наводно Иран имал намера да ги достави до борците на либанското движење Хезболах. „Во нападот од минатата ноќ, како и во при претходните напади, цел е пратка на ракетите ’Fateh-110’, коишто транзитно се префрлаат за Хезболах од Иран“, го цитира агенцијата својот соговорник.Од своја страна, портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Рамин Мехманпараст за агенцијата Farsизјави дека Техеран силно го осудува израелскиот напад врз сириската територија. Ги повика, исто така, и земјите од регионот да е спротистават на сличните напади. Израел чијашто влада досега официјално не го потврдува најновиот напад врз цели на тeриторија на Сирија, во саботата го потврди нападот од петокот навечер, за кој исто така соопшти дека цела била пратка проектили за шиитското либанско движење Хезболах.Притоа ниедна од страните не сакаше да го прецизира местото на коешто бил извршен ударот, како и ефектите од бомбардирањето.Претходно израелските власти истакнаа дека се подготвени да преземат воени акции за да спречат оружје од сирискиот режим на претседателот Башар ал-Асад, вклучувајќи го и хемиското да биде трансферирано до Хезболах во Либан, движење со кое официјален Дамаск има врски и го поддржуваше изминатите децении. Израел, исто така, јасно стави до знаење дека е подготвен на ваков акт и доколку има опасност хемиското оружје коешто засега го чува сириската армија да падне во рацете на тамошните бунтовници коишто две години се борат за соборување на режимот.Израелското воено воздухопловство инаку има големо искуство со слични операции зад своите граници. Рака во 2007 година објави за напади врз нуклеарен реактор во сириската провинција Дејр-ал-Зор, како и врз една воена база за која се веруваше дека е склад за хемиско оружје. Во 1981 година, пак, израелските авиони го бомбардираат ирачкиот нуклеарен комплекс „Осирак”.Либанските власти но и американското разузнавање претходно известија за необична интензивна активност на израелските воздушни сили над нивната територија и бројност на борбени авиони во четвртокот и петокот. Либански безбедносни извори велат дека најверојатно станувало збор за надгледување на евентуална испорака на оружје од Сирија и Либан.Во јануари 2013 година, Израел бомбардираше конвој во Сирија кој наводно превезувал оружје за Хезболах. Израел и Хезболах во 2006 година водеа војна којашто траеше 34 дена.
МакфаксВисок неименуван израелски функционер во неделата претпладне за AFP потврдил дека во текот на ноќта израелската воена

Пронајдете не на следниве мрежи: