Израелски кускус со кашкавал

Потребни состојки:
2   Пиперки
200 милилитри пилешка супа
1 парче/чиња младо кромитче
300 грама кускус
200 грама гауда Кашкавал
100 грама хопла (без шеќер)
Црвен пипер
Црн бибер
Сол


Начин на подготовка:
Исецкајте ги пиперките на мали коцкички. Исецкајте го и младиот кромид на ситни кругчиња. Во тава за пржење ставете малку путер и ставете го кускусот да се пропржи пред да ја додадете течноста или пилешката супа. Зголемете ја температурата да проврие и кога ќе дојде до вриење малку намалете ја температурата и оставете да се вари некои 6-7 минути. Мешајте повремено со цел да не загори кускусот и пред крајот може да го засилите оганот и да ги додадете сецканите црвени пиперки и солената хопла. Промешајте убаво. Ставете малку црвен пипер и оставете да се готви со повремено промешување. Ставете го и кашкавалот и мешајте додека кашкавалот не се растопи. Додадете ги и ситно сецканите перца од младиот кромид и по потреба зачинете со сол. Потребни состојки:
2   Пиперки
200 милилитри пилешка супа
1 парче/чиња младо

Пронајдете не на следниве мрежи: