ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДАТУМОТ НА ПРИМЕНА НА ДИЈАГОНАЛНА КУМУЛАЦИЈА

Во Службен весник на Европска унија, серија Ц број 244 од 05.07.2016 година е објавено ново Известување за датумот на примена на Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло или на Протоколите за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација помеѓу договорните страни на Конвенцијата. Со ова известување се вршат одредени промени во поглед на примената на правилата за преференцијалното потекло во трговијата со земјите членки на Европска унија и земјите членки на ЦЕФТА договорот.Новина во ова известување е дека од 01.04.2016 година помеѓу Европска унија и Косово започнува примена на Спогодба за стабилизација и асоцијација и во рамките на истата се применува Регионалната конвенција за Паневромедитерански преференцијални правила за потекло. Ова значи дека од 01.04.2016 година се овозможува примена на дијагонална кумулација меѓу Европска унија, Косово и Република Македонија.
 
Проширувањето на дијагоналната кумулација во паневромедитеранската  кумулативна зона и вклучувањето на Косово во истата, за македонските компании значи и зголемена можност за увоз на репроматеријали од поширок пазар, конкурентно производство во регионот, како и проширување на можностите за извоз на готови производи кои ќе подлежат на примена на повластени услови при увозот во земјите кои се вклучени во оваа паневромедитеранска кумулативна зона. Имено, македонските компании, покрај другото, ќе може да користат репроматеријали од Европска унија за производство на готови производи кои ќе се извезуваат во Косово без плаќање на царински давачки и обратно, во Република Македонија ќе се овозможи бесцарински увоз на готови производи од Косово кои се произведени користејќи репроматеријали од Европска унија. Со ова дополнително се унапредува конкурентската способност на македонските производи во Европската унија и особено во Косово.
 
Подетални информации за објавата на Европската Комисија и за примената на  Регионалната конвенција за Паневромедитеранските преференцијални правила за потекло може да се најдат на интернет страната на Царинска управа www.carina.mk  во делот Пресметка на давачки/потекло на стока или на следните линкови:
https://customs.gov.mk/images/Image/PrimenaNaRK.pdf
https://customs.gov.mk/images/Image/ObjavaEU.pdfНовина во ова известување е дека од 01.04.2016 година помеѓу Европска унија

Пронајдете не на следниве мрежи: