Извлекле монети од стар брод и се скамениле кога сфатиле што пронашле

Ловците на богатство во близина на брегот на Флорида пронашле златни монети вредни 4,5 милиони долари на шпански брод кој потонал за време на ураган во 18-ти век.Десет гаелони кои од Хавана оделе кон Шпанија потонале во близина на источниот брег на Флорида, недалеку од Веро плажата во невремето 1715-та година. Бродовите и нивниот  товар се расфрлани по дното на морето, пренесува Франс прес.
„Повеќе од 350 златни парички вклучувајќи и девет ројали пронајдени се на 30-ти и 31-ви јули. Ова неверојатно откритие се случило на 300-годишнината од несреќата“, навел на Фејсбук Брент Брисбејн, шеф на експедицијата.
Ова е второ големо откритие на ловци на богатства во изминатите неколку месеци. Во јуни, пронашле околу 50 монети вредни милион долари. Најновите монети кои се пронајдени се неверојатно ретки и секоја е вредна околу 300.000 долари, тврди Брисбејн.

 

„Овие ројали се совршени примероци на пари од тоа време и направени се по кралска наредба“, објаснил тој и додал дека неговиот тим работи  „многу близу до брегот“.
„Овие остатоци ураганот ги истуркал на надворешниот раб на гребенот, каде брановите ги уништиле така што деловите од бродовите плутале со милји во секој правец и некои завршиле на брегот“, рекол Брисбејн.
Според американскиот закон, државата Флорида добива 20 проценти од богатството пронајдено на нејзините брегови.Десет гаелони кои од Хавана оделе кон Шпанија потонале во близина на источниот брег на Флорида, недалеку од Веро плажата во невремето 1715-та годин

Пронајдете не на следниве мрежи: