Ја оставил Трпе жената во Струга и отишол на печалба во Минхен. За брзо време направил многу пари, па ја викнал жена си да дојде кај него во Германија. Доаѓа Трпана и шетаат тие заедно низ Минхен, кога на Трпе некоја женска му се фрла во раце и почнува да го бацува.
Си оди женската и Трпана прашува: -Која е оваа бе?-Швалерка. Сите што се дојдени на печалба овде, имаат пари и возат Мерцедес мора да имаат швалерка. Таков е обичајот.
Влегуваат тие во ресторан, седнуваат и гледа Трпана нивни пријател, Гоце од Струга, со женска на соседната маса.-Која му е онаа на Гоце? -Швалерка.
Ја одмерува Трпана швалерката на Гоце и коментира:-Ха, нашата е поубава.