Ја откриваме најголемата тајна на Тито! Досие: Синиот воз – овде Тито ги чувал најголемите тајни!

Синиот воз не било само омиленото превозно средство на маршалот Тито, туку во себе ги крие најголемите тајни на Југославија. Кој во чиј кревет спиел и што се имал „возот на мирот“ можете да прочитате подолу.Еден од најпознатите возови во светот секако е и „возот на мирот“, попознат како Синиот воз на Тито, кој се до смртта на својот господар возел многубројни високи функционери, странски државници, а во себе крие многубројни тајни и мистерии на поранешната СФРЈ.Првата вистинска мистерија која е поврзана за овој воз е, поради што тој се уште не е под заштита на државата и зошто тој се уште не се експлоатира доволно, туку е „сокриен“ во депото на Топчидар и за него со многу љубов се грижат само железничарите, на чело со Жељко Јовановиќ (шеф на синиот воз) кои без материјални средства и понатаму го одржуваат овој воз.Првиот поглед кон синиот воз ве остава без здив,бидејќи пред вас се протега огромна змија, обоена во сино, со голем грб на СФРЈ на нејзиното чело. Во овој воз, покрај останатите, се возеле и Кралицата Елизабета II, царот на Етијопија Хаиле Селасие, премиерката на Индија Индира Ганди, Никола Чаушеску, Моамер ел Гадафи и многу други, но и од возот за последен пат во ковчег излегол и самиот Јосип Броз Тито!
Композицијата на возот е составена од повеќе вагони кои се комбинираат според потребите и дури четири различни локомотиви кои исто така се менуваат. Трите локомотиви „Козара“, „Неретва“ и „Дрина“ се единствени во целиот свет. Произведени се во Германија специјално за Синиот воз. За жал тие се во многу лоша состојба, нивната реконструкција чини околу милион евра, а Германија со задоволство би дала богатство за да ги земе такви „пропаднати“ бидејќи и за денешно време во техничка смисла тие се вистинско чудо и до ден денес тие пеформанси не се надминати!Главниот дел од композицијата на возот го сочинуваат: претседателскиот апартмански салон, свечен конференциски салон, вагон-ресторан, централна кујна, апартмански салон за гости, вагон за спиење и енергетски вагон. Остатокот од возот, кој се наоѓа во депото на Топчидар, опфаќа, покрај останатото, 6 вагони за спиење, 3 вагони за превоз на автомобили и вагон-кујна.
Работната соба на Тито и претходник на мобилниот телефонВлезниот ходник е почетокот на оваа авантура, а води директно во мал салон за добредојде во кој доминираат дрвени ѕидови, две фотелји, масичка и голем Грундиг радио апарат во позадина.Титовата работа соба располага со една слика на ѕидот, телефон и лампа на масата.На дрвената маса, покрај лампата стои една чудна, за тоа време направа- телефон, за кој Жељко вели дека тоа е некој вид на претходник на мобилниот телефон, бидејќи Броз во секое време и во било кој дел од светот можел да нареди јуриш или да даде инструкции на Владата.Се прашувате како е можно тоа?„Телефонот бил поставен од страна на специјалната служба VTI и JNA кои тогаш биле најдобри експерти во светот, а работи на основа на посебни радио бранови и врски“, објаснува Жељко.

Собата на Тито и Јованка- Мистерија на одвоениврати икревети, но сепак зедничка бањаПрвата спална соба до која се оди од Титовиот кабинет е одајата на претседателот на СФРЈ која покрај креветот на „самотијата“, орманчето и масичката крие многу тајни и делува сосема мистично. Директно од нејзе се влегува во заедничката бања, а од таму другата врата води кон собата на Јованка средена на ист начин како собата на Тито.
Конференциски салон- Од таму Тито за последенпат во ковчег излегол од возот!Следниот вагон е скоро потполно отворен свечен салон во арт деко стил, чиј ентериер исто така е финиширан со дрвени елементи.Токму во тој салон се наоѓал ковчегот со телото на Јосип Броз, кога неговото тело било пренесено од Љубљана каде на 4 мај 1980 додина починал „другарот Тито“. Интересен е фактот што вратата на возот морала да биде исечена, за ковчегот да може да се внесе и изнесе.
Синиот воз поседувал вистинска електрична централа, која можела да задовали мал град со струја!Сето ова не би можело да функционира без електричниот вагон кој преку своите агрегати произведува струја за целиот воз. Технички овој вагон е најкомплексен дел од целата композиција, а кога максимално е оптеретен со нафта и сите потребни елементи без кои не може да тргне на пат, овој вагон тежи околу 69 тони.Синиот воз поминал повеќе од 600.000 километри, а последните официјални се поминати на пат од Љубљана до Белград, на тогаш најголемиот погреб на сите времиња.Еден од најпознатите возови во светот секако е и „возот на мирот“, попознат како

Пронајдете не на следниве мрежи: