Замислете да го послужите омилениот сладолед или колач во вкусна корпица од чоколада. Фантастично! Ваквото необично послужување можете да го подготвите сами, а ќе ви бидат потребни десетина помали балони и 200гр чоколадо.Можете да користите чоколадо за готвење или млечна, но препорачуваме да ја стопите на пареа и на средна температура.
Потрудете на време да направите место во ладилникот и да ги надувате балоните.
На послужавник на кој ќе ги редите балоните со чоколадо ставете хартија. Земете балон, ставете го во чоколадото и оставете го на послужавникот. Внимавајте чоколадото да не биде премногу топло, за да не ви испукаат балоните.
Балоните ставете ги во ладилник на пет минути. Потоа извадете ги и повторете ја постапката уште два пати.
Со помош на ножички полека отастранете ги балоните и вашите слатки чоколадни корпици се подготвени.
Погледнете го видеото на следната страна.
Можете да користите чоколадо за готвење или млечна, но препорачуваме да ја стопите на пареа и на средна температура.
Потрудете на време да