Веќе долго време е во улога на монтажер во Македонската телевизија за повеќето емисии во овој медиум, а сега е и ангажирана како водител во нов проект, насловен како „Едноставно заводливо“, чиј автор на оваа емисија е Маја Трпчановска Маркова. Прекрасната и ведра, Јаглика Петковска е новиот лик на јавноста, кој е и нашиот прв гостин во модниот проект „Fashion in Skopje“.Н.С.: Како ќе можете да ја дефинирате модата, од стилот?
Ј.П.: Модата според мене е минлива, но секогаш се врти во круг.
Н.С.: Како ја коментирате модата последниве неколку години?
Ј.П.: Во последно време повеќе забележувам дека напредуваме, но сепак сме неколку километри поназад од останатите.
Н.С.: Дали Скопје умее да го живее животот со стил?
Ј.П.: Луѓето во Скопје се обидуваат да живеат живот со стил, со чест на исклучоци!
Н.С.: Според вас, дали се` уште живеат дамите и џентлмените?
Ј.П.: Се повеќе забележувам дека дамите стануваат џентлмени, а мажите како да ги нема!
Н.С.: Колку е важно еден човек да изгледа урбано и модерно?
Ј.П.: Тоа или го носите во себе или не, ако од мали нозе ги немате стекнато манирите, може само да се обидувате.
Н.С.: Кое е она парче облека без кое не можете да си го замислите денот?
Ј.П.: Овој период марамите, дефинитивно.
Н.С.: Кога би можеле нешто да промените во поглед на модата, што е она што прво ви паѓа на памет?
Ј.П.: Не сум компетентна, а и не можам да ја сменам модата, но можам само да им порачам на сите секогаш да бидат по смели во комбинациите и да не се плашат да бидат различни од толпата.
Н.С.: Кој е вашиот моден идол и пример за тоа како треба да изгледа една дама?
Ј.П.: Моден идол немам, а вистинската дама може да биде и во тренерки, па ќе ја препознаете. Дамата не се наметнува да биде забележана.
Н.С.: Вие сте дел од јавниот живот и веќе долго време сте во новинарските води, позади камерите. Првенствено, како монтажер во Македонската телевизија, па сега сте ангажирана како водител во нов проект, именуван како „Едноставно заводливо“, чиј автор на оваа емисија е Маја Трпчановска Маркова, а сте истовремено и монтажер на истата. До каде се границите, кога сме кај заводливото кое се манифестира преку облеката?
Ј.П.: Заводливото не мора да биде голо, може да бидете и до врат закопчана и пак да бидете заводлива. Се е до тоа што го носите во себе!
Н.С.: Имате уникатно и единствено име „Едноставно заводливо“. Која е пораката што сакате да ја испратите до јавноста преку самиот концепт на оваа емисија?
Ј.П.: Зошто насловот мора да е порака? Ни се допаѓа. Без порака, пораката е внатре во емисијата, прилозите се порака.
Н.С.: Кој се е дел од оваа емисија?
Ј.П.: Емисијата е идеја како концептот, така и самиот наслов на Маја Трпчановска Маркова, екипата ја одбра она и не згреши. Ние сме мала, но многу слатка и компактна екипа и се надевам ќе останеме такви се додека трае овој проект.
Н.С.: Кога ќе можат гледачите пред малите екрани да ве проследат со новото издание на „Едноставно заводливо“?
Ј.П.: Сабота 22 часот е нашиот термин на емитување, така што може да бидат на програмата на првиот канал на МРТ1 и да уживаат со нашите содржини.
Н.С.: Честитки и пофалби за храбриот чекор, во поглед на свезината која нудите во програмата на Македонската телевизија. И за крај, ваша модна порака до сите читатели на puls24 и Fashion in Skopje.
Ј.П.: Бидете модерни, но сепак вашиот стил нека преовладува. Она што вие го сакате и во кое се чувствувате пријатно е поважно од се`.
Подготви: Николина Славковска
Фотографии: Николина Славковска
За повеќе фотографии на Фејсбук: Fashion in SkopjeН.С.: Како ќе можете да ја дефинирате модата, од стилот?
Ј.П.: Модата според мене е минлива, но секо