Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ги исклучила обвинителите Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска од нејзиниот тим без никакво решение и постапка, изјави денеска претседателот на Советот за јавни обвинители Петар Аневски по одржувањето на седницата на Советот, пренесе МИА.Кадриу и Ѓоревска на 20 овој месец дошле кај Аневски, како што рече, видно вознемирени и револтирани за начинот на кој биле избркани од СЈО.
– На Кадриу и Ѓоревска им било речено дека треба да ги предадат предметите, да ја испразнат канцеларијата и да се сместат кај полицајците. Тоа тие не го прифатиле, рече Аневски.
Тој додаде дека вчера до Советот пристигнало писмено известување од специјалната јавна обвинителка спротивно на тврдењето на Кадриу и Ѓоревска, дека тие сами побарале да заминат и дека заради намален обем на работа било одлучено овие две обвинителки да се отстранат, истакна Аневски и додаде дека тоа не е во ред.
Советот во врска со ова формирал комисија која ќе ја предводи Сашо Василевски која ќе го испита овој случај по што ќе се донесат заклучоци.
Аневски рече дека не знае на кои предмети работеле овие две јавни обвинителки. Посочи дека ќе ја повикаат Јанева деновиве во Советот за да разговараат за овој случај.
На денешната седница членовите на Советот за јавни обвинители расправале за работата на Специјалното јавно обвинителство и за тоа како постапило во случајот со предавањето на материјалите од незаконското прислушување од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
– Нас не интересира колкав е бројот на примени предмети и дали има записник за нив, рече Аневски и додаде дека Советот донел одлука од СЈО да побара во најкраток можен рок да им достават одговор на нивните прашања со цел да се расчистат нејаснотиите околу примените материјали.Кадриу и Ѓоревска на 20 овој месец дошле кај Аневски, како што рече, видно вознемирени и револтирани за начинот на кој биле избркани од СЈО.