„Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“.
Кривични пријави заради поткуп и закани со кои се обидувале да издејствуваат и изнудат невистинит исказ
„Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“.
На ваков начин се обраќале обвинителите подредени на Катица Јанева кон лицата повикани на разговор. Надвор од секаква процедура пропишана со закон, крајно пристрасно и политички, овластените соработници на Катица Јанева во недостаток на докази вршеле брутални притисоци за да изнудат изјави и искази кои не кореспондираат со фактичката состојба.
Спротивно на законот, членови на тимот на Катица Јанева се јавувале на приватни телефони и испраќале пораки, повикувајќи лица во ресторани или на паркинзи. На едно од повиканите лица, дури е нуден и поткуп за да даде исказ во согласност со насоките кои ги добиле од нивната претпоставена.
Ваквите незаконски дејствија, резултираа со две кривични пријави. Првата по службена должност против вработен во МВР заради „незаконско влијание врз сведоци“, поднесена против вработен во МВР кој имал чести контакти со тимот на Катица Јанева и Оливер Спасовски. Вработениот кој изминатиов период беше метеорски унапреден од Спасовски, се обидел со пари да го подмити повиканото лице да биде сведок на Катица Јанева. Втората кривична пријава е поднесена против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева, меѓу кои и кумот на Филип Медарски-адвокат на Зоран Заев, заради „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Деновиве медиумите пренесоа дека Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева и лидерот на СДСМ Зоран Заев имале средба надвор од Скопје и го договориле мастерпланот за одложување на изборите.
Истиот, според објавените информации требало да се реализира пред посетата на Хан и да кулминира со провокации, упади по домови и други незаконски дејствија. Како што се скусувале роковите дадени од Заев и како што растел притисокот кој лидерот на СДСМ во континуитет го вршел, од една страна, така се зголемувала и агресивноста на тимот на Катица Јанева од друга, бидејќи биле соочени со фактите дека ниту има предмети, ниту постојат аргументи за покренување на каква било постапка.
На ваквите инсистирања на Заев и Јанева, како што објавија веќе медиумите регирале дури и дел од обвинителите кои се блиски до СДСМ со образложение дека нема ефект да се притиска со правно неиздржани предмети, додека останатата струја, инсистирала дека правниот ефект бил неважен во споредба со ПР ефектот кој би го добил СДСМ. На колегиумите кои се држеле во СЈО, повеќе се коментирале позициите на СДСМ и се осудувале и критикувале настапите на еврокомесарот Јоханес Хан, отколку што се разговарало за предметите кои треба да се работат.
Двајца од обвинителскиот тим на Јанева, кои се исклучително блиски со СДСМ и практично се директен линк со партијата, изминатиов период имале секојдневни средби со генералниот секретар Оливер Спасовски за да ги координираат активностите.Кривични пријави заради поткуп и закани со кои се обидувале да издејствуваат и изнудат невистинит исказ
„Гледаш ли Никола Груевски шт