Јаневски: Головите не беа случајни, против Белгија очекувам полн стадион

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, не го криеше задоволството по брилијантната победа од 3:0 над Данска, во пријателскиот натпревар, но повика на претпазливост за престојниот меч со Белгија.Данска, која на ФИФА листата се наоѓа на 23-то место, на „Вилип Фтори“ го положи оружјето уште во првото полувреме, кога македонските фудбалери го надиграа противникот на секој дел од теренот.„Натреварот го почнавме извонредно тактички, знаевме дека Данците ќе се обидат да ја чуваат топката, намерно им го допуштивме тоа, исто како што знаевме дека ќе остават многу празнина во задната линија. Поради тоа сум среќен што трите гола се постигнати.  од она што го работиме на тренинзите, тие воопшто не беа случајни. Ова можеби се најдобите 45 минути откако сум јас тука, делувавме колективно и дисциплинирано“, рече македонскиот селектор на прес конференцијата по натпреварот.Победата против Данска е трета во низа за репрезентацијата и за селекторот Јаневски, но според него добрите резултати не треба да создадат еуфорична атмосфера пред мечот со Белгија.„Најважно е да останеме мирни, да не правиме еуфорија, да останеме со двете нозе цврсто на земја.Видовме што ни се случи со Хрватска во Скопје, откако во септември одигравме два добри натпревари во Загреб и во Шкотска. Поради тоа играчите треба да имаат што помалку тензии пред тој натпревар“, дополни Јаневски.Селекторот им се заблагодари на навивачите кои го следеа мечот со Данска, но очекува дека со Белгија, во март, арената „Филип Втори“ ќе биде исполнета до последното место.„Во Македонија навивачите го сакаат фудбалот, ние нив можеме да ги придобиеме само со ангажираност на секој натпревар, со колективна игра и со добри резултати“, рече Јаневски.Натпреварот со Данска, беше последна проверка за македонските фудбалери, пред квалификациските натпревари со Белгија, на 22. и 26.март, во Скопје односно БриселСелекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, не го криеше задоволството по брилијантната победа од 3:0 над Данска,

Пронајдете не на следниве мрежи: