Младичот В. К. (26) од Белград, ја сретнал девојката од соништата во тролејбус на линијата 28., во петокот вечерта. Меѓутоа, тој не собрал доволно храброст да ѝ пријде и таа си заминала. Затоа, тој сега преку социјалните мрежи се обидува да ја пронајде девојката „којашто седела зад него и читала стрип“.
Овој заљубен дечко во една група за студенти на Фејсбук, напишал статус кој покрена лавина коментари и потполно ги воодушеви девојките:
„Во петокот, некаде околу седум ипол вечерта, чекав бус на станица на Звездара, кај болницата кај градот, кога слушнав еден неописливо симпатичен звук на чекори. Го кренав погледот и те здогледав тебе. И како што погледните ни се вкрстија, во мене се случи нешто. Влеговме во 28, иако јас не ни требаше да одам со него, ти седна зад мене, извади стрип и почна да читаш. Неколку пати се свртев, божем да погледнам дали автобусот на линијата 77 оди зад него, а ти секој пат љубопитно ми возврати со поглед. Јас сум дебил што не ти пријдов. Дали си во оваа група, бидејќи не можам да престанам да мислам на тебе?“, напишал В. К.
Останува да видиме дали овој негов јавен апел ќе му помогне да ја пронајде девојката која му го украде срцето.
Затоа, тој сега преку социјалните мрежи се обидува да ја пронајде девојката „којашто седела зад него и читала стрип“.
Овој заљу