Јавноста чека одговори од Јанева, СЈО молчи и се заканува на новинари

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денес им се закани на медиумите со тужби, но сепак избегна да даде одговори кои и ги должи на јавноста и на прашањата кои медиумите и ги поставуваат.Целата јавност е заинтересирана дали лидерот на СДСМ ја исполни обврската од договорот од Пржино да ги предаде сите 600.000 материјали кои рече дека ги поседува.
Таа не одговара дали е направен записник и за колкав број на материјали. Молчи и за тоа дали Заев и има предадено се.
Јанева молчи веќе три месеци.
Таа избегнува транспарентност пред граѓаните и најголемата работа ја извршува преку Фејсбук профил
Во меѓувреме, таа избрка обвинители од својот тим кој сама си го побара и не ја кажа вистината за мотивите за оваа скандалозна одлука.
Прво обвинителката набедуваше дека по своја волја си заминале, а потоа кажа дека не биле тимски играчи.
Но обвинителките кои професионално си ја вршеле работата посочија сосема други причини и покренаа постапки пред Советот.
Јанева од својот тим ги избрка Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева.
Кадриу во неодамнешната изјава за Канал 5 телевизија вели дека само Јанева знае зошто тие повеќе не се дел од тимот. Работеле редовно, посветено и одговорно, а зошто Јанева донесе ваква незаконска одлука, никој освен неа не може да знае.
-Работев редовно, сите задачи, како и другите обвинители што се внатре.  За тоа каде настана проблем, ќе ја прашате Катица Јанева. Таа не рече ништо освен дека не сме дел од тимот. Толку, Ништо не ни објасни. Ние прашавме, ама ништо. Немаше никакви несогласувања до моментот кога ни рече да излеземе од канцеларија и да ги предадеме предметите. Немаше никаква забелешка, ни усмена ни писмена. Ние работевме на предмети, а тие се предадени со записник за примопредавање на колегите.  Советот за тоа викаше од почеток дека се доволни 7 обвинители, а обвинителката мислеше дека требаат повеќе. И се удоволи на нејзино барање, вели Кадриу.
Обвинителката вели дека не е точно дека се вишок и дека само Катица Јанева може да знае зошто таа мисли така.
-Само таа знае зошто сме ние вишок или мањак. Тоа таа треба да го каже, зошто носи такви одлуки еднострани и некоректни, несогласни со кодот на однесување на јавните обвинители, заклучи Кадриу во изјавата за Канал 5.Целата јавност е заинтересирана дали лидерот на СДСМ ја исполни обврската од договорот од Пржино да ги предаде сите 600.000 материјали кои рече дек

Пронајдете не на следниве мрежи: