ЈОГУРТ ТЕСТО: Сечете по потреба, а може да стои во фрижидер и до 7 дена

Состојки:
Тесто
250 мл млеко
1 ќа7ица шеќер
1 коцка свеж квасец
500 гр меко брашно
500 гр остро брашно
2 јајца
2 х 200 гр јогурт
3 лажици шеќер
3 лажици масло
1 лажица сол
Подготовка:
Во мал сад згрејте 250 мл млеко, лажица шеќер и додадете изронета коцка квасец.
Помешајте и оставете на топло место квасецот да надојде.
Во друг сад помешајте ги двата вида брашно и додадете прашок за пециво, шеќер масло и сол.
Додадете ги јогуртите и лесно изматените јајца.
Додадете го квасецот и мешајте додека смесата не се поврзе. Мешајте со раце додека не добиете цврсто тесто (ако тестото се лепи многу, додадете уште брашно).
Измесеното тесто ставете го во најлонска ќеса , истиснете го воздухот  и врзете ја кесата.
Оставете во ладилник да отстои тестото 4 часа.
Послужување
Тестото се сече по потреба, а остатокот може да стои во фрижидер и 7 дена. Ова тесто е исто така одлично за пица. Сечете по потреба, а може да стои во фрижидер и до 7 денаСостојки:
Тесто
250 мл млеко
1 ќа7ица шеќер
1 коцка свеж квасец
500 гр меко брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: