Откако вчера вечер голем број на медиуми пренесоа дека сопругата на југословенскиот претседател Тито, Јованка Броз починала, од Клиничкиот центар во Србија ја демантираа информацијата. Таа е се уште жива, но се наоѓа во тешка здраствена состојба.„Чувствувам големо задоволство што толку многу луѓе ме поддржуваат и се интересираат за мене“- му рекла Јованка Броз на докторот Златибор Лончар, директор на Ургентниот центар.
Таа е свесна и психички стабилна, но нејзината состојба и понатаму е тешка бидејќи прогресирал ракот на кожата.
„Претпоставуваме дека има тумор на кожата кој започнал од едне младеж на грбот, потоа поради тоа што не се лекувал се проширил. Дополнителните анализи ќе покажат каква е вистинската состојба. Во секој случај нејзиното здравје е многу запоставено, најверојатно веќе подолго време е тешко болна“, рекол за српски „Блиц“, директорот на Ургентниот центар во Белград.
„Чувствувам големо задоволство што толку многу луѓе ме поддржуваат и се интересираат за мене“- му рекла Јованка Броз на докторот Златиб