Дури и после смртта Јованка се уште предизвикува интерес во јавноста.Според најновите информации односно според последната изјава на нејзиниот пријател л Милан Шарац за српски Вечерње- се дозна дека таа во своите мемоари открива многу тајни.
Како што вели тој наскоро јавноста ќе дознае што Јованка пишувала до раните зори во своите мемоари.
А овие записи со сигурност ќе ја стресат светската јавност. Во нив се откриваат петтајни што не се познати за Тито, зошто бил тргнат Александар Ранковиќ, каде се останките од Дража Михајловиќ, кој за кого работел во времето на окупацијата и пикантерии за политичките противници од нејзино време.
Како и за коските на Михајловиќ, како што запишала Јованка, кои наводно биле сместени на сигурно затоа што постоел страв дека неговиот гроб ќе стане култно место за собирање.
Интересно е тоа што наводно овие мемоари се барани и од тајните српски служби, но и многу странски разузнавачи, затоа што Јованка пишувала за средбите на Тито со многу државници.
А кога ќе излезе книгата и што точно има во неа останува да видиме.Според најновите информации односно според последната изјава на нејзиниот пријател л Милан Шарац за српски Вечерње- се дозна дека таа во своит



