Како астронаутите одат во тоалет?

Таму каде што нема гравитација се станува потешко, па така и одењето во тоалет, но астронаутите имаат посебни начини како да се „олеснат“.Веројатно не би сакале, додека патувате со вселенско летало по светот, околу вас да лебдат фекалии и урина. Бидејќи таа идеја никому не му се допаѓа, астронаутите од секогаш се снаоѓаат на различни начини кога се работи за решавање на тие „проблеми“.
Со текот на годините американските астронаути во тоалет користеле пластични кеси. За време на мисијата на Аполо, Баз Алдрин и Неил Армстронг лепеле кеси за задникот кога и да почувствувале потреба. Дири и во тие ситуации, не можеле да бидат сигурни дека се ќе се одвива по планот.
Неодамна вселенските програми конечно го унапредиле својот тоалетен систем, кој и не е толку удобен како нашето одење во тоалет, но сепак е подобро е од кесите.
Во видео на Европската вселенска агенција, италијанката Саманта Кристорети ни пружа кратка тура низ тоалетот на меѓународната вселенска станица кој делува како остава, но со две важни разлики.

 
За одење во тоалет се користицевка која содржи вентилатор. Кога вентилаторот е вклучен, тој станува вакум па може да ја вовлече цела течност.
Доколку пак имате голема нужда, морате да седнете (што е тешко при недостаток на гравитација) на мал контејнер за ѓубре во кој се наоѓа кесичка, а кој исто така работи на вентилатор кој ги вовлекува фекалиите во контејнерот. Се завршува во контејнер кој се чисти на десетина дена.
Веројатно не би сакале, додека патувате со вселенско летало по светот, околу вас да лебдат фекалии и урина. Бидејќи таа идеја никому не му се допаѓ

Пронајдете не на следниве мрежи: