За да се создаде вистинскaта визуелна хиерархија, треба да се разбере како нашите очи ги обработуваат информациите, вели Крис Бенк од UXPin.Во овој текст, Крис Бенк од UXPin, ја објаснува теоријата и практиката на создавање на визуелни хиерархии во веб дизајнот. За анализите на графичката околина, земени се примери од преку 33 компании (види ЛИНК).
Во оваа статија ние прво ќе разгледаме што е визуелна хиерархија и како се постигнува, а потоа ќе погледнеме како таа функционира во однос на природното движење на човечкото око.
Визуелна организација
Во својот труд „Комуникација со визуелната хиерархија“, Лук Вроблевски, автор и директор за дизајн на производи во Yahoo, објаснува дека визуелното претставување на веб интерфејсот е од суштинско значење за:
– Информирање на корисниците. Интерфејсот треба да ги води корисниците од една акција на друга. На пример, на софтверот Square ве води низ неговите искази за вредност како што се движите надолу, со релевантни предлози за акција на секој чекор од патот.
– Комуникација помеѓу содржините. Интерфејсот треба да ги презентира содржините на начин, на кој најмногу им одговара на корисниците. Односно, да се се даде приоритет на одредени информации. На пример, популарниот сајт Аbduzeedo, вклучува голем број категории на врвот, избрана содржина во средината и подетални категории во долниот дел.
– Креирање на емотивно влијание. Луѓето не посетуваат ресторани само за да јадат некој оброк. Тие сакаат вкус, текстура, презентација и незаборавен амбиент. Интерфејс дизајнот не е различен и луѓето всушност, може да бидат повеќе склони да простат одредени недостатоци на вашиот сајт, ако вие произведете позитивен емоционален одговор. На пример, Wufoo е сајт со интерфејс кој е корисен и пријатен.
Предвидливост на човечкото око
Човечкото око автоматски е подготвено да се фокусира на одредени точки на интерес. Додека дел од ова зависи од личноста, поголемиот дел од луѓето имаат тенденција да следат одредени трендови – вклучувајќи го и изгледот на некоја веб-страница.
Во една статија за визуелни принципи, Алекс Бигман, дизајнер за 99designs, зборува за двете предоминантни шеми за читање. Нив ќе бидете во можност да ги прочитате во вториот дел.
ПРОДОЛЖУВА…Во овој текст, Крис Бенк од UXPin, ја објаснува теоријата и практиката на создавање на визуелни хиерархии во веб дизајнот. За анал
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.