Во претходниот дел од овој текст, Ве запознавме со поимот „визуелна хиерархија“ и со начинот на кој што таа функционира. Денеска ќе ја разгледаме темата за визуелни принципи, во кои се доминантни два модели за читање.F-модел
Овој модел е типичен за сајтовите што изобилуваат со многу текст, како што се блоговите. F-моделот почнува, така што читателот прво ја скенира вертикалната линија од левата страна на текстот и е во потрага по клучни зборови или точки на интерес.
Кога читателите ќе најдат нешто им се допаѓа, тие нормално почнуваат со читање, формирајќи хоризонтални линии. Крајниот резултат е нешто што наликува на буквите F или Е. CNN и NYTimes го користат F-моделот.
Џејкоб Нилсон од „Нилсон Норман груп“, спроведе студија за начин на читање во која беа вклучени 232 корисници кои скенирале илјадници веб сајтови и ги објаснувале практичните импликации на F-моделот:
– Корисниците ретко ќе го прочитаат секој збор од вашиот текст.
– Првите два параграфи се најважните и треба да содржат „мамка“ со која ќе им го привлечете вниманието на читателите.
– Употребувајте параграфи, точки, па дури и потточки за да најавите што следува во понатамошниот текст.
Како може ова да влијае врз дизајнот на вашата веб страница? Погледнете подолу.
Од сликата можете да видите дека најважните делови од содржината можат да се видат за неколку секунди, заедно со подеталната содржина (и повик за акција) кои се претставени подоле за брзо скенирање.
F-моделот може да биде многу корисен за веб сајтовите кои што сакаат да се базираат на работа со рекламирање (со embed кодови) или повици за акција, со тоа што не се пренатрупани со содржини. Но, не треба да се заборави дека содржината е секогаш на прво место и страничната лента постои за да се вклучат корисниците на едно подлабоко ниво. Како и кај сите модели, F-моделот повеќе е упатство наместо образец, затоа што на F-моделот може да делува здодевно по првите редови.
За да се запознаете со поимот за визуелна хиерархија и како таа функционира, прочитајте го текстот: Како човечкото око чита некоја веб страница – I дел
Z-модел
Z-моделот на скенирање се случува на страници кои не се фокусираат на текстот. Читателот прво скенира хоризонтална линија од врвот на страницата, без разлика дали е тоа поради лентата со менито, или едноставно надвор од навиката на читање од лево кон десно од врвот. Кога окото стигнува до крајот, се движи долу и лево (повторно врз основа на навиката за читање) и се повторува хоризонтално пребарување на долниот дел од страната.
Z-моделот може да се примени на речиси секој веб интерфејс, бидејќи се однесува на основните барања на веб страницата како што се хиерархијата, брендирањето и повиците за акција. Z-моделот е совршен за интерфејс каде што едноставноста е приоритет и повикот за акција е главна функција.
Користењето Z-модел на веб сајт со комплексна содржина, не може да биде функционално како кај F-моделот, но Z-моделот може да помогне да се добие чувство на подреденост и поедноставна распореденост. Овие работи треба да се имаат во предвид:
Позадина – Одделете ја позадината за да го задржите видното поле на корисникот во рамките на текстот.
Точка # 1 – Ова е примарна локација за вашето лого.
Точка # 2 – Додавање на обоен повик за акција може да ги води корисници низ Z-моделот.
Центар на страница – Центриран лизгач со слики во центарот на страницата ќе ги раздели секциите од врвот и од дното и ќе ги наведува очите да го следат Z-моделот.
Точка # 3 – Додавање икони кои започнуваат од дното и се движат по долната оска, можат да водич за корисниците на крајниот повик за акција во точка # 4.
Точка # 4 – Ова е целната линија и идеално место за вашиот примарен повик за акција.
Предвидувањето во кој правец ќе се движат очите на корисникот, може да биде од огромна предност. Пред поставувањето на елементи на вашата страница, определете ги приоритетите. Откако ќе знаете што сакате вашите корисници да видат, тогаш едноставно ставете ги поважните содржини во „жаришта“, според моделот за начин на интеракција.
Можете дури и да го проширите Z-моделот низ целата страница, повторувајќи ги точките 1-4. Но, тоа секако ќе биде по ваш личен избор.F-модел
Овој модел е типичен за сајтовите што изобилуваат со многу текст, како што се блоговите. F-модело
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.