Постојат многу дискусии на темата што претставуваат „Ѕвездените деца“. Дали сте вие едни од нив? Ако веќе сте го отвориле овој текст за да го прочитате, веројатно и вие самите спаѓате во оваа категорија. Секој во себе содржи делови од предностите од тоа што значи да се биде „Ѕвездена личност“, но сѐ зависи од начинот на однесување и намерите. Затоа, прочитајте нешто повеќе за индиго, кристалните и виножито децата и дознајте во која категорија спаѓате.
ИНДИГО ДЕЦА
Овие луѓе генерално се раѓаат со воинствен дух, кој поседува цел да го запре функционирањето на старите системи од кои никој повеќе нема корист. Индиго децата често може да делуваат како вистински размазени деца. Тие доаѓаат на Земјата за да ги изменат веќе постоечките идеи, образованието и општествениот систем. За да ја постигнат својата цел, овие луѓе поседуваат цврста решителност и понекогаш и недостаток на трпение.
Добра страна кај овие луѓе е што тие точно знаат кога некој ги лаже, им наредува или се обидува да манипулира со нив. Со оглед на тоа дека нивната функција е да ги воведат луѓето во нов свет на интегритет, нивните „детектори за лага“ се повеќе од добредојдени.
Голем дел од индиго децата завршуваат со дијагноза на хиперактивно пореметување, бидејќи се крајно чувствителни и буквално функционираат на повисоко и побрзо темпо на живот.
- Иран разгледува слободна пловидба низ Ормускиот теснец, но под еден услов
- Повторно гори Вардариште
- Русија е подготвена да го разгледа предлогот за складирање на ирански ураниум
- Дури 26 милиони Иранци се пријавиле за доброволци во воена служба
- Пентагон се подготвува за инвазија на Куба
- Скај Њуз: САД и Иран следната недела ги продолжуваат преговорите во Исламабад
- Директорот вели дека ја чистел „Пошта“ – дел од вработените избркал, а дел натерал да доаѓаат на работа
- Пејачот (88) кој се ожени за пејачка 41 година помлада го откри рецептот за долг живот: Овие 3 работи се клучни за здравјето
- Гори депонија во близина на Арачиново
КРИСТАЛНИ ДЕЦА
Кристалните деца се целосна спротивност на индиго децата. Откако ќе се воспостави новиот начин на живот, кристалните деца имаат цел да воспостават хармонија во светот.
Тие се благородни и имаат повеќе трпение. Нивна карактеристика е да им дадат пример на луѓето како можат со заеднички напори да ги надминат препреките и да соработуваат меѓу себе.
Кристалните деца следат чист пат, кој води кон побезбеден и посигурен свет. Нивната духовност често знае да биде погрешно протолкувана од околината. Колку што тие стануваат понапредни, толку повеќе имаат борби за водење во оваа димензија.
Луѓето кои што спаѓаат во оваа категорија, често страдаат од аутизам. Тие функционираат на многу повисока фреквенција, која не бара вербална комуникација. Токму затоа, луѓето претпоставуваат дека тие се аутистични или неразбирливи.
Голем дел од кристалните деца почнуваат доцна да зборуваат, па затоа не е невообичаено тие да чекаат да го изустат првиот збор 3-4 години по раѓањето.
Но, она што се случува е нешто подлабоко. Тие се неверојатно интуитивни и комуницираат на ниво кое единствено може да се досегне кога човекот е во хармонија самиот со себе.
ВИНОЖИТО ДЕЦА
Конечно стигнавме до виножито децата. Тие се пример за вистинскиот потенцијал на луѓето и ги отсликуваат хармонијата и духовноста.
Виножито децата често се во служба на другите. На тој начин, тие се на самиот врв на духовноста, токму поради нивната должност да им помагаат на другите.
Тие се бестрашни и немаат проблем да ги искажат своите емоции. Имаат способност многу брзо да закрепнат од негативните влијанија и емоции. Овие луѓе се ретки.
Не постојат многу информации за нив, бидејќи тие допрва треба да се раѓаат и да ги покажуваат своите способности во моментите кога на светот најмногу ќе му бидат потребни.
Крајната цел на виножито децата е да ги завршат обврските од поставувањето на темелите на сето она што пред нив ќе ги направат индиго и кристалните деца.
*На крајот, секој оној кој што сака да живее во хармонија со планетата Земја е „Ѕвездено дете“.



