Како да ги завршите сите обврски на време на работа?

Сите ние понекогаш ги одложуваме работите и обврските кои знаеме дека мораме да ги завршиме, а подоцна кога се ќе ни се насоберат, се  чувствуваме виновни поради тоа. Прекинете го тој магичен круг на одолговлекување со помош на овие совети :
Намалете го својот список на обврски!
Ако се чувствувате преплавени со обврските кои се пред вас, можно е на крај се да направите површно или пак воопшто некои важни работи да не ги завршите. Ќе го решите тој проблем само ако најнапред ги подредите обврските по важност, елиминарајте се што е напотребно или што можете да го завршите некој друг ден, кога нема да имате толку гужва.
Приоритети, приоритети
Додека ја разгледувате својата листа ии тоа го правите умствено, одлучете кога која обврска треба да биде завршена. Проценете и колку време ќе ви биде потребно за да ја завршите таа задача. Планот за работа ќе ви помогне се да завршите на време, па дури и ако сами сте си го наметнале тој план. И, кога правите нешто, пробајте да се посветите само на една работа, затоа што така сконцентрирани, побрзо и поефикасно ќе ја завршите обврската, се разбира ако не станува збор за ситуација во која слободно можете две обврски да исполнувате во исто време. Ако одредувате приоритети, размислете кои работи најмалку сакате да ги правите (ги мразите), па ако е можно тие завршете ги први, за да се ослободите од нив и продолжите понатаму се леснотија и удобност.
Најдете време за да одморите
Ово можеби не ви се чини логично, но ако само работите, работите и работите- порано или подоцна ќе дојде до краток спој- па нема да можете воопшто да работите или нема да имате волја и концетрација за ништо. Ако си го пренатрупате распоредот, некое време ќе успеете да жонглирате со обврските, но ако се расфрлате со премногу топиња во воздухот, порано или подоцна нема да можете да ги фатите сите, па се ќе падне на подот. Презафатеноста и исцрпеноста значат многу стрес и напнатост, заслабнат имунитет и други здравствени проблеми, кои можат да значат целосен застој на извршување на обврските. Затоа, подобро е да одвоите малку слободно време и за вас. Дали станува збор за активен одмор, како што е еден саат зумба, јога, аеробик или за одмор и забава, кафе со пријателките, важно да ги наполните батериите и спремни да се сретнете со новите обврски, опуштени и без стрес.
Наградете се
Тоа делува кај децата, кај кучињата, а и на сите нас. Полесно ќе се снајдете во гужвата со сите тие обврски кога знаете дека ве чека нешто убаво на крајот од сето тоа. Како да се наградите? Тоа е многу релативно и различно за сите нас, а зависи од тоа што најмногу не прави среќни и каква ни е моменталната финансиска состојба. Направете некоја ситница која ве прави среќна, почастете се со карти за во кино или некое вкусно чоколадо. Ако можете да си дозволите, по стресната недела, одете во wellness центар и уживајте!
Едноставно завршете се што морате
Најтешкиот дел кога станува збор за обврските и задачите е – како да започнеме. Затоа, кога ќе пристигнете на работа, немојте да одолговлекувате, да оговарате со колегите или бесцелно да чепкате по интернет, туку веднаш фрлете се на работа. Ќе видите дека се исплати, кога се што имате да завршите ќе го направите многу полесно и побрзо. Е потоа можете да уживате, трачарите и сурфате, како што ви е волја. Освен тоа, вие ќе се чувствувате многу подобро кога знаете дека сте биле екстра продуктивни, а тоа ќе ви помогне да го направите и утре, и ден подоцна.
извор:lady.mkСите ние понекогаш ги одложуваме работите и обврските кои знаеме дека мораме да ги завршиме, а подоцна кога се ќе ни с

Пронајдете не на следниве мрежи: