петок, 13 ноември 2026
Најново

Што навистина гледаат ртаботодавачите во вашата биографија во шестте секунди?!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако никогаш со сигурност не можеме да дознаеме поради што не сме успеале да добиеме некоја работата по разговорот со работодавaчот, една понова студија може да ни понуди некои можни одговори.Според истражувањето на интернет страницата The Ladders, која се занимава со поврзување на невработените со работодавачите, овие последните поминуваат во просек по шест секунди во разгледување на вашата биографија и потоа одредуваат дали се вклопувате или не во нивниот план.
За изработка на студијата е користена техниката „eye tracking“, односно следењето на движењето на очите на 30 работодавачи во период од десет недели, со цел да се забележи и анализира на што и колку долго некој се сосредоточува при апсорбирање на информациите и извршувањето на задачите.
Во тоа кусо време, кое ќе го помине во проучување на вашата биографија, работодавачот ќе се концентрира на вашето име, моментната работна позиција, почетокот и крајот на работата на тоа работно место, потоа претходната работна позиција и почетокот и крајот на таа работа и едукацијата, пишува „Бизнис Инсајдер“.
Ако се земе предвид мошне кусото време во кое треба да оставите добар впечаток кај работодавачите, претставниците на  „The Ladders“ порачуваат дека биографијата мора да биде составена јасно, смислено и во визуелна хиерархија и дека не би требало да се додаваат какви било непотребни елементи, кои би можеле да го одвлечат вниманието.
Извор: Think.mkСпоред истражувањето на интернет страницата The Ladders, која се занимава со поврзување на невработените со работодавачите, овие последните поминув

Поврзани вести