Неколку начини како да работите побрзо

Ако имате проблем со задачите кои ви одземаат поголем дел од денот, постојат неколку начини да ја зголемите својата продуктивност за да се чувствувате исполнето и задоволно со својот напредок.Разбудете се раноАко се разбудите рано, ќе ја забележите тишината. Се` уште не сте обземени со дневните обврски и имате момент за себе. Ако не сте навикнати на рано станување, секој ден обидувајте се да го местите алармот неколку минути порано.
Направете списокСписокот нека биде мал, за да не ви изгледа како оптоварување. Прецртувајте ги завршените обврски, тоа ќе ви даде мотивација за останатите. Чувајте го блиску во себе, за да не мора да правите нов и да завршите со неколку неисполнети списоци.
Одредете целиПопродуктивни сме кога знаеме што сакаме. Не е битно дали целите се големи или мали, битно е да се јасно поставени.
Наметнете си сами себе одговорностОбврзете се да ги сработите задачите или планираните работи. На пример, ако сакате да вежбате, кажете и за тоа на својата мајка или пријателка, така постои поголема можност планот и да го остварите.
Завршете ги најпрво најтешките обврскиВо човековата природа е да ги одложува тешките обврски. Затоа, прво направете го она што мислите дека е најтешко и би ви одземало најмногу време, па во споредба со тоа, се` друго ќе ви изгледа полесно.
Почестете се себесиАко сте имале добар и продуктивен ден, не заборавајте да се наградите. Нека биде тоа мала работа – чоколадо, сладолед, марама…Ќе бидете посреќни и ќе ви порасне енергијата.
Вашите цели нека бидат видливиАко себеси сте си поставиле одредени цели, потрудете се секогаш да бидат видливи. Ставете ги на компјутерот или на ѕид. Поентата е во тоа да ви бидат достапни кога се чувствувате непродуктивно или уморно.
lady.mkРазбудете се раноАко се разбудите рано, ќе ја забележите тишината. Се` уште не сте обземени со дневните обврски и имате&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: