Близнаците сакаат пријателски однос при запознавање, раковите се познати емотивци, а стрелците сакаат добра смисла за хумор.Овен
Оставете го да мисли дека тој вас ве освојува. Бидете остроумни и способни за прилагодување, зашто со арогантно и суетно однесување ништо нема да направите. Развивајте ја смислата за хумор – Овните сакаат кога некој ги забавува. Ви се препорачува да не го лажете и да не дозволувате со вашата врска да завладее монотонијата и здодевноста, бидејќи страста и искреноста најмногу го привлекуваат.
Бик
Биковите сакаат да ги поттикнувате и да им ги фалете деловните потези и планови. Проверете каква музика и храна вашиот партнер сака, зошто преку трпезата и музиката можете на вистински начин да допрете до неговото срце.Не се фалите со своите поранешни љубовни врски. Не се повлекувајте кога бавниот, но сигурен Бик ќе ги покаже страстите и не заборавајте на обврските што ги имате во домаќинството.
Близнаци
Поставете се како добар пријател, исто како и љубовен партнер. Бидете му постојан предизвик, покажете отвореност, спонтаност и комуникативност. Никогаш – не ја манифестирајте посесивноста и љубомората. Избегнувајте да бидете здодевни и ситничави, зашто за Близнаците тоа е поголем грев од посесивноста.
Рак
Развивајте ја својата чувствителност, бидете топли, нежни и заљубени,вежбајте да бидете трпеливи, без разлика што тоа тешко се постигнува. Бидете повеќе врзани за домот отколку за надворешните активности, односно, бидете добра готвачка (готвач) и покажете дека семејството е суштината на вашиот живот. Не претерувајте со трошењето пари, бидејќи Месечевите деца се максимално економични и прагматични. Не покажувајте лажна скромност и срамежливост, зашто овој знак не сака кога некој ги крие сопствените чувства.
Лав
Пуштете го секогаш да биде водач или во најлош случај да мисли дека е тоа. Натерајте го да сфати дека вие сте повеќе отколку сакани, и тоа не само на едно поле. Дозволете му секогаш да биде во центарот на вниманието и давајте му комплименти за неговата висока интелигенција.Не му наредувајте, но бидете свесни дека Лавот не сака максимална подреденост. Прифатете го како човек кој сака да им помага на другите и да управува со нивните животи. Не ја критикувајте неговата екстраваганција и желба да се истакне во јавноста.
Девица
Во љубовната врска ќе мора да разберете дека Девицата може да биде вознемирена и хаотична до граница на параноидно однесување во врска со само од неа видливи ситници. Покажете голема способност за педантност и домаќинско работење. Почитувајте им ја професионалната ориентација. Никогаш не се критикувајте самите себе си, не доцните на состаноците и бидете одговорни и дисциплинирани. Како и да е, не ви се препорачува да ја нарушувајте довербата кај вашиот аналитичен партнер.
Вага
Покажете дека ве интересира уметноста. Бидете нежни, културни и внимателни во секој поглед. Дадете до знаење дека ги мразите конфликтите и расправиите. Не го присилувајте саканото лице да донесува одлуки кога тоа не го сака. Ако сакате да имате мирна и стабилна врска ќе мора да разберете дека Вагите тешко донесуваат одлуки за било кое прашање од животот. Ви се препорачува да посветите големо внимание на својата телесна линија.
Скорпија
Изгледајте секогаш предизвикувачки, но немојте да бидете нападни. Одржувајте го добриот изглед и телото во одлична кондиција, бидејќи на Скорпиите тоа многу им значи. Научете да бидете “ноќна птица” – Плутоновите деца дури тогаш ја покажуваат својата голема сила и страст. Не покажувјате дека можете да бидете љубоморни.Немојте да бидете премногу нервозни, напнати и драматични при манифестирањето на емотивните чувства.
Стрелец
Истакнете ја позитивната страна од својата личност. Научите да ги прифаќате отворените и јасни забелешки без бурни реакции.. Запаметете дека животот треба да биде забавен и интересен, тоа посебно важи за водењето на љубовта, бидејќи Стрелците не ја сакаат монотонијата. Не дозволувајте саканото лице да ве види во лоша форма. Не очекувајте работите да се одвиваат на начин како што вие сте замислиле, зашто Стрелецот ги мрази стеротипите, како во врската, така и во животот. Не очекувајте премногу љубовни изјави, зашто е личност од акција, а не од зборови.
Јарец
Сфатете дека кариерата му е на прво место. Бидете трпеливи и чекајте страстите и љубовните емоции да се манифестираат, бидејќи Јарецот никогаш не брза и ретко ги искажува своите чувства. Запомнете дека Јарецот сака партнер која има визија во животот и амбиција за професионална реализација. Бидете одговорни, верни и дисциплинирани во покажувањата на чувствата. Не очекувајте моментно да ја искаже својата огнена страст. Не го прекршувајте даденото ветување.
Водолија
Обидете се да бидете ладни, недостижни и без чувства, за да им отворите предизвик, бидејќи сака личности кои мошне тешко се освојуваат. Пофалете ги амбициите и намерите на партнерот и помогнете му да ги оствари, зашто тој (таа) сака лица кои ќе умеат да го надополнуваат и мотивираат. Не обидувајте се Урановото дете да го врзувате за некое место или време. Не тргнувајте во заводничко освојување, ако ви е јасно дека овој знак се наоѓа во лошо расположение. Не му давајте до знаење дека сакате да го врзете и максимално да се вмешате во неговиот живот.
Риби
Настојувајте да оставите впечаток на мошне нежна и чувствителна личност, дури и во деновите кога не сте расположени. Припадничките на понежниот пол нека покажат дека не им е срам што плачат кога гледаат мелодрами. Покажете дека децата и животните се за вас важни суштества. Натерајте го саканото лице да поверува дека никогаш пред да го запознаете, не сте ја доживеале вистинската љубов. Не ги повредувајте неговите чувства.Овен
Оставете го да мисли дека тој вас ве освојува. Бидете остроумни и способни за прилагодување, зашто со арогантно и суе