Како да ја зголемите енергијата на работното место?

Зголемете ја енергијата и концентрацијата на работното место со помош на овие совети:
Накратко поразговарајте на телефон со блиска личност – ќе ви се намали стресот, ќе ви се подобри расположението и ќе добиете нови сили за работа;
Исправете го ‘рбетот – Правилното исправено седење помага за зголемување на енергијата и активноста на мозокот;
Слушајте весела музика – ако имате можност, пуштете песни кои ви го забрзуваат срцето и ви будат убави емоции;
Помирисајте силна свежа арома – мирисот на лимон, портокал, грејпфрут или лавандула имаат моќ да ве вратат во живот;
Напијте се чаша ладна вода – ставете коцка мраз во водата и испразнете ја чашата. Дехидратацијата е чест и подмолен крадец на енергијата;
Подигнете се неколку пати на прсти и истегнете се – Станете за момент, подигнете се неколку пати на прсти и протегнете ги рацете. На тој начин ќе си ја подобрите циркулацијата низ целото тело, а со тоа ќе ѝ кажете збогум на поспаноста.
извор: lady.mkЗголемете ја енергијата и концентрацијата на работното место со помош на овие совети:

Пронајдете не на следниве мрежи: