Како да направите ЧИЗКЕЈК?

Еве еден од многуте рецепти за чизкејк и неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да го приготвите овој десерт како професионалец.
 ПАНДИШПАН:
– 2 шољи трошки од чајно пециво
– 3 супени лажици топен путер или маргарин
– 3 с.л. шеќер
ФИЛ:
– 800гр крем сирење
– 1 шоља шеќер
– 3 ц.л. пченкарно брашно
– 1 с.л. екстракт од ванила
– 1 шоља кисела павлака
– 4 јајца
– свежо овошје (јагоди, банани, киви)

ПОДГОТОВКА:

Во длабок сад измешајте ги трошките од чајно пециво со топениот путер и додајте 3 с.л. шеќер. Наместо трошки од чајно пециво, можете да издробите бисквити или пак кекс.
Обложете правоаголна тава за печење со едно големо парче алуминиумска хартија, чии што рабови треба да излегуваат надвор од тавата за да можат подоцна да послужат како рачки за лесно подигање на тортата.
Истурете ја смесата со трошките во тавата, распоредете ја подеднакво насекаде и со помош на дно на чаша притискајте за да оформите пандишпан.
Еден од триковите за правењето на чизкејк е јајцата и крем сирењето да бидат на собна температура. Уште подобро е пред да го употребите крем сирењето, да го омекнете во микробранова печка 15 секунди.
Во длабок сад ставете го крем сирењето, додајте 1 шолја шеќер, 3 с.л. пченкарно брашно, 1 с.л. екстракт од ванила и 1 шолја кисела павлака.
Мешајте со миксер додека смесата не стане хомогена, без грутки.
Додавајте ги јајцата едно по едно. По секое додадено јајце мешајте со миксерот додека не се соедини со смесата. Но, не претерувајте со мешање, затоа што при печењето така може полесно да испука горниот дел.
Претурете ја смесата во тавата за печење и разнесете ја рамномерно.
Печете 40-45 минути во претходно загреана рерна на 180°C, додека рабовите на тортата не започнат да ја менуваат бојата. Центарот може да ви изгледа како да не е доволно печен, но кога ќе олади ќе изгледа одлично.
Извадете ја од рерната и оставете ја да се излади на собна температура. Потоа покријте ја со фолија и ставете ја да отстои во фрижидер минимум 4 часа пред сервирање. Најдобро е да стои во фрижидер 1 ден.

Пред сервирање, врз чизкејкот наредете парчиња свежо или конзервирано овошје, исечкани јаткасти плодови, премачкајте со џем од овошје… Искористете ја вашата фантазија и збогатете го силниот вкус на чизкејкот.ПАНДИШПАН:
– 2 шољи трошки од чајно пециво
– 3 супени лажици топен путер или маргарин
– 3 с.л. шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: