Убави на изглед и слатки по вкус. Тортичките на стапче се толку практични и лесни за правење. Може да ги направите за родендени, забави или за уживање без никаков повод. Потребни состојки за тортата:
– 2 филџани шеќер
– 2 филџани брашно
– 1 филџан какао во прав
– 1 ќесичка прашок за пециво
– 1 кафена лажичка сода бикарбона
– 1 кафена лажичка сол
– 2 јајца
– 2 филџани млеко
– ½ филџан масло
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 2 филџани зовриена вода
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Тавата подмачкајте ја со масло и нанесете брашно по целата површина за да не се лепи тортата.
Во еден сад додадете ги: шеќерот, брашното, какаото, прашокот за пециво, содата и солта. Измешајте ги состојките, па во истиот сад додадете ги јајцата, млекото, маслото, ванилиниот шеќер и зовриената вода.
Матете неколку минути со миксер на средна брзина, сè додека добро не се соединат состојките. Потоа добиената смеса истурете ја во тавата за печење. Ја одбравме оваа торта како најпогодна за тортичките на стапчиња бидејќи не е сува и полесно ќе ги формирате.
Печете од 30 до 35 минути, а откако ќе биде готова, оставете ја подолго време добро да се олади. Она што е добро кај тортичките на стапче е тоа што се одличен начин да искористите остатоци од торта. Тортата која останала растурете ја во сад и преобразете ја во чоколадни топки. Никој нема ни да забележи дека тоа е истата торта.
Вториот чекор е да ги формирате топките, но внимавајте тортата добро да е оладена. Растурете ја во еден сад, додадете еурокрем или каков било чоколаден крем, добро промешајте, а по желба може да додадете уште малку млеко.
Смесата која ја добивте размесете ја добро со раце, а потоа направете топчиња. Сега ви требаат подолги стапчиња, пластични или дрвени. За подобро да стојат топките на стапчињата, нивните врвови намачкајте ги со топена чоколада пред да ги ставите топките. Така направени, тортичките на стапче оставете ги малку да одстојат во замрзнувач.
Третиот и последен чекор е најкреативен – украсувањето на вашите тортички.
Првата варијанта е да ги украсите со чоколадни трошки во разни бои, и тоа, прво топчињата ги потопувате во топеното чоколадо, а потоа ги валкате во трошките.
Но вашата фантазија нека не запре тука, можете да ги украсите со чоколаден или овошен крем, да им ставите шлаг и чоколаден прелив, шарени чоколадни бонбончиња.Потребни состојки за тортата:
– 2 филџани шеќер
– 2 филџани брашно
– 1 филџан какао во прав
– 1 ќе