Како да носите црн лак за нокти, а да изгледа женствено?! – колумна на Александра Алекс Грујиќ

Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна приказна, случувања и совети. Денешната тема за која ќе разговараме е тоа како да носите црн лак за нокти на вистински начин.
Црниот лак стана она што некогаш беше црвениот – симбол за силна и независна жена. Па, иако не сте емо девојка, панкерка или даркерка, слободно можете да носите црн лак а да изгледа женствено. За црниот лак на вашите нокти да изгледа женствено, првенствено тие мора да бидат негувани.
Ако на вашето работно место строго е пропишан одреден „dress code“ црниот лак оставете го за излегување и слободно време.
Темните бои на лакови одговараат и со свечена гардероба. Единствено нешто околу кое треба да водите сметка е должината на ноктите. Тоа не значи дека црниот лак одговара само на кратки нокти. Може да изгледа исклучиво женствено и заводливо и на долги нокти. Тоа го одвојува од некои светли и јаки бои, како што е портокалова, жолта или зелена, кои изгледаат убаво и весело само на кратки нокти. Поради тоа, кога барате совршен лак за вечерни излегувања или некое важно случување во фирмата, бидете храбри и наместо црвен одберете црн лак за нокти.
На црниот лак во посебни случаи можете да ставите и „шљокици“ за да допринесете за погламурозен изглед на ноктите. Преку црниот лак најдобро е да нанесете безбоен лак со крупни „шљокици“. Играјте си и експериментирајте и со шљокици во разни форми како што се ѕвездички, месечинки и сл. 
Посете го сајтот на Алекс на следниот линк, за да видите повеќе за нејзините активности, текстови ТУКА
 
 Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна приказна, случувања и совети

Пронајдете не на следниве мрежи: