Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна модна приказна, модни настани и совети. Денешната расправа, односно темата за која ќе ви говорам е начинот на кој треба да се носи црвениот кармин за усни.
Црвениот кармин за усни е апсолутна класика и прави жената во секоја прилика да изгледа елегантно и гламурозно. Црвените усни се заводливи и изгледаат безобразно добро! Сепак, црвенилото на усните може да изгледа многу лошо, доколку жените не се придржуваат до тоа како се носи карминот со оваа боженствена боја.
Најпрво ќе ви дадам неколку совети за тоа како да нанесете кармин на вашите усни, а потоа и како да го искомбинирате со останатата шминка.
– За карминот да не се разлие надвор од границата на усните, околу нив нанесете тенок слој коректор. Потоа ивиците на усните исцртајте ги со молив за усни и нанесете го карминот со четкичка за шминкање. Водете сметка за тоа моливчето за усни и карминот да бидат иста нијанса.
– За да одбегнете вашите заби да се намачкаат со кармин, по нанесувањето на истиот, земете марамица и ставете ја помеѓу усните, за да го отстраните вишокот на кармин.
Кармин во црвена боја можете да користитекако за вечерни, така и за дневни активности. Меѓутоа морате да внимавате кога станува збор за вашиот целокупен make – up изглед со црвен кармин за усни.
– Доколку се одлучите за црвен кармин во дневна варијанта, важно е тој да биде оној кој ќе доминира. Очите нашминкајте ги многу нежно и нагласете ги трепките. Немојте да ставте премногу шминка бидејки тоа во комбинација со црвениот кармин ќе изгледа многу нападно за дневна активност, како на пример одење на факултет, шопинг, кафе со пријателката или пак за одење на работа. Кога е во прашање дневната шминка, а сакате да искомбинирате и кармин во црвена боја, ви предлагам што потемна нијанса.
– Кога станува збор за вечерни излегувања, црвениот кармин има поголема слобода. Одберете разни нијанси на црвена боја и можете малку повеќе да ги нагласите очите. Сепак и во овој случај бидете внимателни , за да го избегнете нападниот изглед.
Драги дами, до нашето следно дружење, уживајте во црвениот кармин и истражете ја неговата сензуална моќ.
Погледнете ги и останатите колумни од Александра ГрујиќБизнис стил на облекување
Моден тренд за лето 2013Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна модна приказна, модни настан