Како да престанете да се карате со саканата личност?

Што би можеле да направите за да ги избегнете конфликтните ситуации во кои секој „си ја држи својата страна“, па да ги решите на смирен и здрав начин со кој ќе се обидете да ја пронајдете сржта и причината на проблемот. Еве го одговорот!Погледнете што советуваат експертите од областа на психологијата.
1. Воздржете се од донесување на избрзани одлуки
Во моментот кога ќе се налутите на саканата личност, кажете си на самите себе дека ќе почекате се додека не ги знаете сите факти – црно на бело, пред да си дозволите сами на свој начин да ја интерпретирате ситуацијата.
2. Барајте дополнителни информации
Имаме обичај да ги бараме фактите кои ги потврдуваат нашите убедувања. Доколку сте фрустрирани поради фактот дека саканата личност доцни дома половина час, автоматскиот одговор на тоа во вашиот мозок е сеќавањето на претходните ситуации во кои се случило тоа. Наместо да му допуштите на овој механизам да проработи, натерајте се да се сетите колку пати вашиот партнер доцнел поради фактори кои не биле под негова контрола. Допуштете му да објасни зошто го направил тоа.

3. Ставете се на негово/нејзино место
Често сме заробени во своите глави. Направете и услуга на вашата врска со тоа што ќе ги согледате работите од поинаков агол.
4. Не е битно кој е во право – заедно сте во тоа
Наместо да му докажувате на партнерот дека вие сте во право, настојувајте да ја гледате ситуацијата како сложувалка во која двајцата ќе имате шанса да работите како тим за да го решите проблемот.
5. Прашајте го партнерот за што размислува
Психолозите наведуваат дека најголемата тајна на добрата и здравата комуникација лежи во тоа што работите треба да се гледаат интроспективно.
Треба да разберете една клучна работа – сите сме различни, па не смееме од другите да очекуваме дека ќе исто ќе размислуваат и ќе се однесуваат како нас.
Погледнете што советуваат експертите од областа на психологијата.
1. Воздржете се од донесување на избрзани одлуки

Пронајдете не на следниве мрежи: