четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да се ослободите од тремата?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еве мал трик кој ќе ве ослободи од тремата кога ве очекува важен разговор или настан и нервозата преовладува во вас. Од важен состанок, интервју, презентација, предавање ве делат само 5 минути. Започнете на глас да зборувате за настанот како веќе да се случил и поминал подобро од совршено. Зборувајте како сте биле најдобри, како аплаузот бил огромен или како сте го добиле покачувањето кое сте го сакале.
Според психологот Кајли Сиз говорот е “визуелен стероид”. Додека зборувате како се супер и успешно поминало, вашиот мозок ги прима тие информации и се опушта, потврдувајќи дека нема причина за стрес.
Кога говорите на глас, вие на некој начин му пречите на мозок и на неговите сензори кои реагираат на моменталната состојба. Па токму затоа овој трик функционира. Пробајте го овој едноставен и корисен трик, следниот пат кога ќе се најдете во тие ужасни пет минути.
извор:lady.mkЕве мал трик кој ќе ве ослободи од тремата кога ве очекува важен разговор или настан и нервозата преовладува во вас. О

Поврзани вести