Исповед на лекар кој за прв пат во кариерата морал да ѝ каже на пациентка дека има тумор во краен стадиум.Веќе три години сум лекар. Во тој период поминав време со луѓе кои се наоѓаа во најкритични животни фази, во моменти кога чувствуваат беспомошност, а кога душата им се кине на парчиња.
Да се биде секогаш тука за пациентите и нивните семејства во такви моменти е неверојатна привилегија. Тоа е една од причините поради која студирав медицина, а најдобри примери за лекари ми се оние кои умеат да дадат поддршка.
Се сеќавам на една смена – беше зимско попладне, бевме преполни, а ни недостасуваше персонал. Сите кревети беа пополнети.
Пациентка на околу триесеттина години дојде во болница. Ја донесе нејзиното семејство. Се загрижија бидејќи чудно се однесувала дома. Не станувало збор за ништо сериозно, но се повторувала. Се лутела поради ситници и заборавала каде се наоѓа.
Веднаш се посомневав дека се работи за некој невролошки проблем или дека таквата состојба е последица од лекови или дрога.
Низ разговорот со неа, заклучив дека емотивно е затапена, што само ги зајакна моите сомнежи дека се работи за проблем со менталното здравје. Ми рече дека единствената сериозна дијагноза во нејзиниот живот бил мал јазол во градите.
Се консултирав со мојата менторка. Решивме да ја пратиме да ја сними главата, бидејќи анализата на крвта не покажа ништо.
Зедов пауза од половина час и отидов на сендвич со колега кого го немав видено со месеци. Се смеевме и разговаравме за општи работи. Тоа беше олеснување!
При враќањето, тргнав во визита и ги проверив резултатите на моите пациенти. Сѐ течеше нормално, а потоа забележав дека пациентката се враќа од снимањето на главата. Заврши порано отколку што очекував. За жал, радиологот не го приложи својот извештај, но решив секако да ги погледнам снимките.
Се вкочанив кога ја здогледав првата. Цели пет минути гледав во екранот. Наместо црно-сивата маса во облик на орев каков што е инаку мозокот, видов огромна неправилна и безоблична маса. Тоа можеше да биде само некој огромен тумор – можеби примарен, а можеби и метастаза од рак на дојка.
Кога ја здогледав големината на масата, инстинктивно знаев дека тоа не може да се преживее. Таа маса ќе ја убие жената.
Повторно ја повикав мојата менторка. Ми предложи да се повлечеме во празна просторија за да се договориме како на пациентката да ѝ ја соопштиме веста.
„Само биди позитивен“ – ми даде совет. Позитивен? Како по ѓаволите да најдам нешто позитивно во нејзината дијагноза?
„Можеме да ја ослободиме од неколку симптоми така што ќе ѝ даваме стероиди, а може и денес да си отиде дома“ – ми рече менторката.
Се упатив кон нејзината соба.
Ми се преврте желудникот, но почна да плаче кога ме здогледа. И нејзиниот сопруг беше покрај неа.
„Се плашам дека носам лоши вести. Забележавме сенка по скенот на вашиот мозок и веруваме дека станува збор за тумор“ – реков во еден здив.
Она што следеше ќе ме прогонува цел живот. Висок врисок го исполни просторот. Потоа прерасна во плач. Изгледаше како да ја удрив со чекан по лицето. Се струполи на подот, липаше, плачеше, молејќи ме да престанам со зборување. Не можев да продолжам понатаму. Престанав и се свртев кон менторката која ѝ ја објасни ситуацијата и ѝ рече да не се грижи, дека ѝ е жал и дека сѐ ќе среди.
Се чувствував мизерно. Го потценив соопштувањето на лошите вести кои пациентот мора да ги слушне. Менторката ме убедуваше дека таквите нешта се учат со тек на време и дека ова е сепак добро прво искуство. Сепак, криците на таа жена ќе ме прогонуваат додека сум жив…Веќе три години сум лекар. Во тој период поминав време со луѓе кои се наоѓаа во најкритични животни фази, во моменти кога чувствуваат беспомошност,



