Kако гркот Киријакос стана Хан и за чии интереси?

Повеќе опозициски медиуми, но и некои други, вчера утрината пред посетата на еврокомесарот Јоханес Хан на Скопје, објавија наводен твит од Хан со кој порачува да се почитува демократијата и парламентарното мнозинство. Атмосферата на социјалните мрежи веќе достигна висока температура, спинот беше успешен, а Хан и воопшто да не е во Скопје, ниту, пак, тој ги почна политичките разговори, пренесува ДневникСтанува збор за твит на еден од неговите соработниците со грчко потекло, Kиријакос Хараламбус, кој напиша:„Да се почитува демократијата и парламентарното мнозинство. Не подгревајте меѓуетнички тензии“.
Инаку, токму Хараламбус во мај лани ја потпишал петицијата до Барак Обама во која се бара САД да го поништат признавањето на уставното име на Македонија. Твитот на Хараламбус е регистриран во 08.44 часот, а вистинскиот Хан твитува неколку часа подоцна, но возот веќе беше излетан од шините. Нешто по 14 часот Хан ќе твитне:„ЕУ-патот отворен за Скопје по последниот ЕУ- совет, но времето истекува. Потребно е државништво наместо тактики. Економијата трпи“.
И претходниот твит, еден час порано: „Почнаа разговорите во Скопје, заедно со Вајгл, Едуард Kукан и Kнут Флекенштајн. Потребна е нова влада и итни реформи. Нема време за губење“. Суштинската разлика е што во своите твитови Хан не зборува за „подгревање меѓуетнички тензии“.
Твитот на Kиријакос од 8.44 часот „Бриф“ го објави под наслов:„Хан твитна од авион на пат кон Скопје: Почитувајте го мнозинството во парламентот, не подгревајте тензии“. Не беа подобри ни другите: „Нова ТВ“:„ Хан, Kукан, Фленкенштајн и Вајг со порака: Не подгревајте тензии“;
Фактор: „ Твитнаа од авиот: пред да слетаат во Скопје Хан и дипломатите пратија порака“; „МKД“: „Хан и европратениците твитнаа од авион: Не подгревајте ги тензиите“; „Алсат М“: „Хан на ’Твитер‘: Не распламтувајте меѓуетнички тензии“; „Либертас“: „Хан твитна од авион на пат кон Скопје: Почитувајте го мнозинството во парламентот, не подгревајте тензии“: Ете така, по неколку години откако мислевме дека т.н. новинарство, кое известуваше дека, на пример, Груевски не бил примен како што треба во Брисел, а тој уште леташе кон белгиската и европската метропола, е зад нас, можеме да констатираме дека сме се излажале.
Не било. Па твитот на еден Грк кој од петни жили запнува за негирање на Македонија, на очигледна радост на оваа т.н. новинарска група стана твит на Хан, кој, потоа, веројатно морал да го покрива својот соработник. Не дека размислува поинаку од него, но во тој случај лагата станува уште понејасна. Што ~ се брзаше толку на оваа булумента?Станува збор за твит на еден од неговите соработниците со грчко потекло, Kиријакос Хараламбус, кој напиша:„Да се почитува демократијата и пар

Пронајдете не на следниве мрежи: