Како известуваа босанските медиуми за победата на македонските кошаркари?

Мирза (Телетовиќ, н.з.) и соиграчите од нашата репрезентација блескаа половина час, а потоа Македонците не изрешетаа, пишуваат босанските новинари на спортскиот портал „Sport.ba“.
 „Чековски беше извонреден, незадржлив и уфрли фантастични 33 поени и тој беше клучниот човек за победата на Македонија. Без разлика на поразот во Улм покажавме дека можеме да играме кога сакаме. Можеби е добро што ни се случи лоша последна четвртина пред стартот на Европското првенство во Словенија, бидејќи сега е вистинскиот момент да се корегираат грешките“, пишуваат колегите од БиХ.
Македонија ја доби последната четвртина со 33-14 и победи со 93-84, со што го освои турнирот во Улм. Претходно ја победивме и Грција со 77-75 и домаќинот Германија со 81-67. Македонија и БиХ се во иста група на ЕП во Словенија и ќе играат меѓусебе најмалку уште еднаш. Конкуренти ќе бидат и Србија, Црна Гора, Летонија и Литванија.
Република.мк„Чековски беше извонреден, незадржлив и уфрли фантастични 33 поени и тој беше клучниот човек за победата на Македонија. Без разлика на поразо

Пронајдете не на следниве мрежи: